• Latest

Насилството да запре – безбедноста да завладее во Македонија

July 10, 2018

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
Пожарникар бара поддршка од уште десет спасувачи, Њујорк, 11 септември 2001 (фото извор: Wikipedia)

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Насилството да запре – безбедноста да завладее во Македонија

July 10, 2018 15:18
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во фокусот на денешниот ден е трагичниот настан во кој почина 21 годишниот Никола Саздовски кој пред десетина дена беше брутално претепан.

ЦИВИЛ-Центар за слобода најостро го осудува секој вид на насилство, особено меѓу младите кои се жртви на политиките кои ги водат претставниците на народот. Ги повикуваме институциите совесно и чесно да ја исполнат својата должност и сторителите виновни за смртта на 21 годишното момче Никола Саздовски да бидат строго санкционирани според законот.

Премиерот Зоран Заев денеска упати апел за воздржување од говор на омраза и разгорување нетрпеливост по смртта на Никола Саздовски. „Омразата и насилството не и прилегаат на Македонија и одат на директна штета на нашата иднина и на нашата младина. Апелирам сите да се воздржиме од говор на омраза и од разгорување нетрпеливост.  Само така, ќе им дадеме можност на институциите да си ја завршат својата работа, за што се платени од граѓаните“, истакна Заев.

Од останатите вести, шефот на македонската дипломијата Никола Димитров на денешната дебата, што се одржа во рамки на Самитот „ЕУ-Западен Балкан“ во Лондон, на тема „После Берлин: Што носи следната декада за Западен Балкан?, нагласи: „Заслужуваме чиста одлука за почеток на преговори, но политиката е уметност на можното и ќе сториме сè што можеме, ќе вложиме максимален напор за да одиме напред“.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, пак, непосредно пред самитот на НАТО во Брисел потенцира дека следните два дена Македонија ќе седне на иста маса со светските велесили, и дека од 2008 година граѓаните видоа што значи да се живее во несигурна држава и во нестабилен регион.

Ниту денеска нема изгледи за надминување на проблемите меѓу власта и опозицијата за кончен избор на членови на Државната изборна комисија (ДИК).

Потребно е усогласување на политичките партии во Собранието за неопходните постапки за успешен избор на членови на Државната изборна комисија (ДИК), апелираше денеска на прес-конференција претседателот на Комисијата за избори и именување Илија Димовски.

„Покрај оние фази за донесување на одлука за објавување на конкурс што се завршени, следуваат неколку фази што треба внимателно да се спроведат. Првата фаза е утврдување на прочистена листа на кандидати, односно апликанти кои ги исполнуваат условите. Тоа треба да го напреави Комисијата за прашања за изборите и именувањата каде што, како што знаете, дека е Комисија раководена од страна на опозицијата, но има и комплицирано мнозинство, а тоа се шест члена на ВМРО -ДПМНЕ, шест члена на СДСМ и еден пратеник на БЕСА на Билал Касами“, информираше Димовски.

Во однос на барањата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски за амнестија на осудените од настаните од 27 април во Собранието на РМ, Димовски рече дека тоа не е условот на ВМРО-ДПМНЕ, односно дека таа постапка не е поврзана за постапката за формирање на ДИК.

Д.М.

Tags: безбедностнасилствоНАТОЦивил
Share41TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ