• Latest

Најчевска: Тајноста најголем проблем – многу работи се прават тајни за да не се контролираат

March 26, 2018

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Најчевска: Тајноста најголем проблем – многу работи се прават тајни за да не се контролираат

March 26, 2018 13:25
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Проблемот со контролата на безбедносниот сектор е во отсуството на соодветни правила, критериуми и стрикни процедури, што прво би овозможиле следење на постапките и автоматско повикување на одговорност тогаш кога не се спроведуваат соодветно, но кои ќе овозможат и спречување на самоволието. Кај нас најголем проблем е всушност тајноста, односно 90 отсто од делувањето се подведува под тајно и покрај тоа што има многу елементи што стануваат тајни само за да не бидат контролирани.

Ова го истакна Мирјана Најческа од Институтот за социолошки политички и правни истражувања на јавната дебата на ФОН на тема „Демократска контрола над работењето на институциите на безбедносниот сектор – потреба и предизвици”

Таа оценува дека предлозите во новиот закон во однос на контролата на прислушувањето не нудат таков вид  системски решенија што би можеле како да спречат злоупотреба на овие можности, така и да овозможат најсоодветна контрола.

„Она што се нарекува надворешна контрола се уште не е ниту доволно, ниту е пак доволно повеќеслојно за да може да обезбеди заштита на правата на луѓето и нивната приватност пред се. И покрај можноста за формирање на ОТА граѓаните апсолутно се под ризик од прислушување оти, вели, имаме многу малку сознанија. Парламентот се уште не ја презема улогата која може да ја преземе, односно да биде поагресивен кога станува збор за овие работи, а и оние контролни механизми кои во моментов ги имаме како Народниот правобранител се повлечени и прилично млаки во оваа област“, рече Најчевска.

За поранешниот министер за внатрешни работи и експратеник  Павле Трајанов, коментирајќи ја реформата на контролниот систем на тајните служби, вели дека во РМ треба да се направат суштински, корените реформи на целиот систем и неговата поставеност, во спротивност, вели, нема да има никакви промени во дејствувањето на тајните служби во државата.

„Никаде во светот нема суштинска контрола над тајните служби. Во РМ сега пет можни институции, условно кажано, треба да остваруваат контрола врз таквите служби. Се плашам дека се ќе се релативизира, дека наводно ќе има многу субјекти, но никој од овие субјекти не ќе може да направи конкретна контрола – како се поставени, како делуваат, дали има злоупотреба на системите за прислушување, затоа што ако не се даде приоритет на цивилната, но парламентарна контрола, која треба да биде суштинска контрола составена од експерти, посебна методологија како и на кој начин ќе се контролира, мислам дека ќе направиме многу контролни тела кои нема да имаат суштинска контрола над таните служби“, вели Трајанов.

Тој смета дека многу субјекти имаат законска можност да ги користат системите за прислушување, а агенцијата ОТА, која треба да се формира согласно законските измени, вели, ќе биде едно преодно решение кое верува дека во пракса нема да издржи и ќе се оди на посеопфатни реформи.  Решението за ОТА, кое како што рече е преземено од Хрватска веќе трпи критики таму дека не може да врши контрола над прислушувањето.

Според адвокатот Звонко Давидовиќ, проблемите во оваа сфера се лоцирани, но веќе подолго време нема решенија. Посочи на истекување на информации од безбедносните служби во врска со „бомбите“.

„Тоа не е во ред, едноставно станува збор за приватизирање на безбедносните служби и големи проблеми кои ги имаме во постапката, а и целиот правен систем и правото и правичноста зависат од тоа“, рече Давидовиќ и посочи на случајот „Ореше“, кој се води повеќе од 10 години, каде вели, е злоупотребен институтот „заштитен сведок“ за „местење“ докази и „предизвикување кривични дела“.

Професорот Нано Ружин од ФОН истакна дека според параметрите на Советот на Европа постојат повеќе институции кои би вршеле контрола над безбедносните служби, а тоа се, пред се, Парламентот, судските власти, експерти, но, исто така, и процесите како што се жалбените процеси.

„Кај нас овие елементи постојат, но сепак не се доволно развиени, а денешната дебата е за освестување на сите оние механизми што се неформално употребени во контрола на безбедносните служби“, оценува Ружин.

Дебатата е во организација на Факултетот за детективи и безбедност на ФОН на тема „Демократска контрола над работењето на институциите на безбедносниот сектор – потреба и предизвици”, а е во рамки на одбележувањето на 15 години од создавањето на Универзитетот.


Извор: МИА

Tags: безбедностен сектордебатаконтролаМирјана Најчевска
Share9TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ