• Latest

Национализам: Прпелкање во калта и јадење политички помии

December 1, 2020
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Национализам: Прпелкање во калта и јадење политички помии

December 1, 2020 08:25
in МУЛТИКУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Не, не велам дека сите се партиски ангажирани ботови, кои работат за надомест од 9 до 15 илјади денари. Многумина се само заглупавени и затруени, тотално несвесни мултипликатори на црната пропаганда и национал-шовинизмот. Не смее да се занемари ни онаа гнила национал-шовинистичка толпа ментални насилници и простаци на кои најудобно им е прпелкањето во калта и јадењето политички помии што им ги сервираат недоучени, вулгарни и алчни кускулиња во политиката.

Без амбиции да ги опфатиме сите аспекти, треба да се забележи и тоа дека етнонационализмот опстана и по половина век живот според концептот „братство и единство“ на поранешната југословенска федерација што, патем, ја имавме во името на нашата држава до пред две години. Балканските народи ја негуваат етничката омраза уште од времето на распадот на двете најголеми империи кои го делеа Балканскиот Полуостров – Австроунгарската и Отоманската. И таа етничка омраза е длабоко всадена во сите пори на животот и во политиките што се водат во целиот регион.

Тоа е Балканот. Простор каде што митовите, глупавите бајки и фактите се испреплетени. Балканот, каде што етничката омраза и шовинизмот ги креираат крволочни манијаци во националните академии на науките и уметностите, во политиката и институциите, на работните места, во училниците и универзитетските амфитеатри, во кафеаните и чајџилниците, на стадионите, па дури и во градинките…

Социјалните мрежи се на опашката на целиот тој луд паралелен универзум, каде што секоја недоквакана будала може да ја искаже сета своја глупост и неписменост, а крволочноста на академиите и политичарите да ги преточат во сопствен завет со кој си го упропастуваат својот и животот на сите околу нив. И сонуваат некој да им даде капа и пушка за да го исполнат својот „завет“.

Најубаво им беше на режимските ѓубриња кога речиси немаше медиуми, а луѓето се плашеа дури и да шепотат, а не, пак, да зборуваат или пишуваат. Потоа настапи бавен пад на режимот, кој сѐ уште трае, благодарение на црните пари на криминалците во политиката, националистите и „разочараните“. И на нерешителноста и неспособноста, се разбира. Па така, сега имате „разочарани“ Шарени кои учествувале во револуцијата со мотиви кои ни оддалеку немале врска со барањата за слобода, правда и еднаквост, туку имале лични амбиции кои во ниеден момент не го исклучиле национал-шовинизмот. Сега веќе никој не му се плаши на режимот, а споменот на него буди гнев и решителност никогаш да не се дозволи тој да се повтори. Но тоа не е крај на приказната.

Интелектуалци, новинари, па и невладини фолиранти (израз од „Баба Зумбула“) на социјалните мрежи и во медиумите објавуваат „научно засновани факти“. Се објавуваат дури и фељтони за етничката композиција во земјава по Втората светска војна, „научни трудови“ кои своевремено се креираа за да се задоволат забеганите националистички политики на дел од тогашното федерално раководство. Други кропираат и монтираат фото и видео содржини од ситуации што се случиле во разни делови на светот и ги „лепат“ на мултиетнички средини кај нас. Која е целта? Не мора да се биде многу паметен да се заклучи дека целта е да се продлабочат стереотипите и предрасудите и да се предизвика етничка омраза и насилство.

Зошто? Некои од суета, некои од одмазда, некои од фрустрации проектирани во „големи“ квазиисториски и квазиполитички теми, а некои се, едноставно, дел од политичко-шпионското подземје. Се разбира, препознатливи се и тие што носат фрустрации од сопствениот изглед или импотенција во секој поглед.

Подготвени во националистичките, антиевропски и неофашистички штабови, според методологијата на путиновските „маскировки“, овие пораки, како змии се провлекуваат низ секојдневието на луѓето и стануваат дел од јавното мислење, стануваат „неспорни факти“. Ретко кој сериозно и исцрпно се работи на нивна деконструкција и разобличување. Уште помалку се гледаат обидите оваа пропаганда да се осуди од јавноста.

Заштитени со меѓусебното потценување и непознавање, секое етничко трло си гради митови за „големината“ на сопствената нација и „ништожноста“ на другите. И така, се создаваат и одржуваат во живот тие паралелни светови, со митови и лаги вткаени во секоја пора од животот…

На прв поглед, во политичкиот и во јавниот дискурс се судираат различни концепции за креирањето и водењето на политиките во државата во однос на економијата, социјалните прашања, меѓународните односи… Во суштина, се работи за судир меѓу национал-шовинизмот и криминалот на една страна и прогресивниот, проевропски и мултикултурен концепт, „Едно општество за сите“ ако сакате.

Тој концепт, „Едно општество за сите“ е придобивка на прогресивните сили во земјата и произлезе од улиците на кои десетици илјади луѓе секојдневно маршираа со месеци, за да го турнат криминалниот режим. Криминалниот режим произведе насилство и поделби, а за да ги одржи, креираше антизападни вредности и политики. Дотука е сосема јасно.

Заплетот започнува со национал-шовинизмот на кој се спротивстави антинационалистичката стратегија на првата пост-режимска влада, а продолжи и во вториот мандат. Тоа е најпрогресивната, но воедно и најслабата точка на официјалните политики на Северна Македонија, бидејќи потенцијалот што го разви режимската националистичка матрица е огромен. И тоа е најжестоко критикуваниот дел од владините политики, иако не секогаш директно, за да се скрие националистичката и антизападната природа на пропагандата.

Ако „Едно општество за сите“ стана владина стратегија, не значи веднаш дека е штетна и непожелна (напротив), туку дека може да биде шанса да заживееме нормално, човечки достоинствено. Се разбира, тоа е и обврска жестоко да критикуваме ако некој се обиде да го претвори тој концепт во „Едно општество за сите, ама за мојата партија најмногу“… (повеќе за ова: Едно општество за сите, ама за сите! – објавено на 5 август 2020)

Од шумот што го прави националистичката багра, не стигнуваме ни прописно да ги критикуваме погрешните политики за спроведување на прогресивните концепти. Но и за тоа има решение, само е потребно да се разграничат и разберат вредностите и мотивите на спротивставените групи во политиката и во општеството.

Криминалната империја што ја изгради режимот на ВМРО-ДПМНЕ во својата основа го негува фашизмот како идеолошка основа и национал-шовинизмот како алатка за сеење страв и поделби. Јасни се позициите и причините поради кои оваа партија не може да излезе од својата деструктивна матрица. Јасно е и дека во таа партија има прогресивни елементи, па затоа „ризикот“ од осовременување и демократизирање на македонската десница, релативно успешно се „санира“ со постоењето на далеку помала, но компактна фашистичка структура која лажно се претставува како левичарска.

Треба еднаш засекогаш да се запечати: Тие не се патриоти. Кај нив нема патриотизам, бидејќи криминалната банда знае само за национал-шовинизам и го употребува за да се одбрани од правдата.

На ова место може да се постави едно провокативно прашање: Зошто мислите дека некои веднаш ќе кажат дека овој став не е објективен и неутрален? Искрениот одговор на ова прашање е лесен и може да биде отрезнувачки. Добра вежба за мозочните клетки завиткани во пајажината на црната пропаганда…

Крајно време е да се притисне копчето за аларм. Малкумина се занимаваат со деструктивното влијание на руската пропаганда во земјава и во регионот. Постојано се провлекуваат националистичките наративи во јавноста и стануваат дел од секојдневието на луѓето. Медиумите кои до вчера пливаа во милионски суми украдени од граѓанките и граѓаните, воспоставија лажен баланс од типот „пет минути за Евреите, но и пет минути за Хитлер“. Со тоа го отплаќаат „долгот“ кон режимот и им отстапуваат простор на криминалците и фашистите во политиката кои се заколнати непријатели на европската иднина на Северна Македонија. „Прогресивното“ граѓанско општество, медиумите, академијата и другите што го креираат јавното мислење и влијаат во креирањето на политиките, малку или воопшто не се занимаваат со моделите на деструктивно и националистичко дејствување на дел од политичките партии и нивните милитантни крила и хулигански банди.

Наместо заклучок… Срамота е кога политичките кускулиња се гордеат со бројките од поддржувачи кои се неписмени, глупави и насилни. Нема ништо достоинствено во тоа. Секој-а што се придружува кон таа хистерија, ризикува да стане неписмен, глупав и насилен.

(27 септември 2020)

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    238 shares
    Share 95 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    165 shares
    Share 66 Tweet 41
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ