• Latest
Африм Гаши, претседател на Собрание на Северна Македонија (Фото: Собрание РСМ)

Национална жалост и институционален наратив: Што содржеше комеморативнот говор на Гаши за трагедијата во Кочани

March 12, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Национална жалост и институционален наратив: Што содржеше комеморативнот говор на Гаши за трагедијата во Кочани

March 12, 2026 15:27
in АНАЛИЗИ, ПРАВДА, ТОП 5
Африм Гаши, претседател на Собрание на Северна Македонија (Фото: Собрание РСМ)

Африм Гаши, претседател на Собрание на Северна Македонија (Фото: Собрание РСМ)

Share on FacebookShare on Twitter

Говорот на претседателот на Собранието, Африм Гаши, на комеморативната седница по повод годишнината од трагедијата во Кочани беше изграден како комбинација од емотивно обраќање и институционална порака. Иако формално се работеше за комеморација посветена на жртвите, во говорот може да се препознаат и елементи на политички наратив поврзан со јавните реакции и тековниот судски процес.

Воведниот дел од говорот беше емотивен, со формулации како „некои ноќи никогаш не завршуваат“ и „изгоре дел од нашата душа“ со цел да ја претстават трагедијата како колективна национална болка.

Со ваквата реторика, Гаши трагедијата ја позиционираше како национална траума, а Собранието како институција што треба да биде простор на заедничка жалост и солидарност. Се работи за  пристап соодветен за комеморативни говори, бидејќи овозможува деполитизација на трагичниот настан преку нагласување на емпатијата и заедничката загуба.

Но, еден од најзначајните сегменти на говорот беше делот во кој Гаши се осврна на критиките за постапките на институциите во деновите по трагедијата.

„Одлуката што некој ја нарече грешка беше човечки обид да не дозволиме болката да се претвори во политичка сцена“, рече тој.

Оваа изјава може да се чита како ретроактивно оправдување на одлуките донесени во периодот на жалост, како што беа прекинот на одредени активности во Собранието и обидите да се ограничат политичките дебати.

И покрај тоа што трагедијата отвори прашања за институционални пропусти, во говорот Гаши директно не посочи на конкретни виновници или политичка одговорност.

Наместо тоа, тој нагласи дека „грешките и виновниците треба да бидат адресирани од институциите“.

Со ваквата формулација, одговорноста се префрла на правосудниот систем, додека политичкиот систем се поставува во улога на набљудувач на процесот, а не како потенцијален фактор во трагедијата.

Сепак, во говорот беше испратена и порака до институциите што ја водат истрагата Обвинителство, МВР и судовите – да работат професионално, независно и транспарентно.

„Правдата не треба да биде ниту пребрза, ниту задоцнета“, нагласи Гаши.

Оваа формулација може да се толкува како обид за балансирана политичка позиција – од една страна да се избегне впечаток на политички притисок врз судството, а од друга да се испрати сигнал до јавноста дека процесот ќе доведе до утврдување одговорност.

Можеби затоа во неколку наврати во говорот се потенцираше дека трагедијата не треба да стане поле за политички пресметки. Оваа реторика доаѓа во контекст на јавните дебати во кои трагедијата во Кочани беше предмет на критики кон институциите и отвори прашања за безбедносни пропусти и системски слабости. Сепак, токму тука се појавува и критичката дилема: во демократските општества трагедии со можни системски причини често отвораат простор и за политичка одговорност, а не само за судска.

Во говорот беше спомената и песната „Ако утре ме нема“ од ДНК. Вметнувањето на групата, која изгуби девет од своите членови во пожарот, изгледа како обид да се трансформира трагедијата во културен симбол на загубата со цел создавање колективна меморија што ја надминува институционалната рамка.

Завршниот дел од говорот беше насочен кон вредности како правда, чесност, искреност и „чиста совест“, со порака дека трагедијата треба да биде последен аларм за општеството.

Сепак, во говорот не беа спомнати конкретни институционални реформи, законски измени или системски мерки. Говорот на Африм Гаши имаше три паралелни функции: комеморативна, институционална и политичко-наративна.

Од една страна, тој беше насочен кон оддавање почит на жртвите и изразување емпатија кон нивните семејства. Од друга, Собранието беше претставено како место на национално единство.

Во политички контекст, говорот може да се чита и како суптилна одбрана на институциите, со пренасочување на прашањето за одговорност кон правосудниот процес.

Внимателно конструираниот говор на Гаши, во присуство на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, пратениците, е повеќе симболика, со политичка воздржаност, но без морална и политичка одговорност.

Но, што очекуваат семејствата на жртвите? Сигурно правда, системски промени, морална и институционална одговорност. Директен одговор и судска разрешница. Не може да се рече дека говорот на Гаши не беше соодветен, напротив. Но, истовремено беше и доволно избалансиран да ја признае, препознае и да сочувствува со болката и загубата на семејствата, но и на општеството, и од друга страна да ја заштити институционалната позиција и поставеноста на државата кој не сноси ниту пак бара морална и политичка одговорност.

Биљана Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ