• Latest

Наумоски: Разочарувачки е да се гледа како зелени активисти шират мудри зборови од застапниците на „нова традиционална архитектура“

October 3, 2023

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Наумоски: Разочарувачки е да се гледа како зелени активисти шират мудри зборови од застапниците на „нова традиционална архитектура“

October 3, 2023 11:45
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Разочарувачки е да се гледа како зелени активисти шират мудри зборови од застапниците на „нова традиционална архитектура“ како ги серат модернизмот и брутализмот во архитектурата по кои е познат Скопје. Ај што никој не може да го прочита написот зашто е затворен, ама насловот го критикува Скопје и тоа им одговара на новите зелени политичари, реагира во објава на Фејсбук, активистот Никола Наумоски.

„Иако, сите зелени површини, паркови, јавни простори, тротоари, дрвореди во Скопје се од периодот во кој Скопје е подигнато од рушевините (втората половина на 20-ти век) под силно влијание на тогашни светски текови во архитектурата и урбанизмот. Иако тие модерни згради од бетон се дела на најпознатите македонски, југословенски и светски архитекти од тоа време, ние дозволуваме некој си Швеѓанец, вљубеник во традицијата и неговиот хрватски пајташ вљубеник во „златните“ периоди на австроунгарски Загреб, да ни го критикуваат најдоброто во нашиот град, па уште и на недоискажано да ги споделуваме (!?).

Ај што имаме непосредно искуство на уништување на централното градско јадро од страна на еден наш вљубеник во „новата традиоционална архитектура“, ај што тој проект уништи преку 20 јавни простори/паркчиња во центарот на градот, ај што уништи десетици згради со своите „нови традиционални фасади“, ај што ги отру јавните простори со „нови традиционални фонтани и споменици“, па сега дочекавме некогашните противници на СК2014 да ги голтаат ваквите грозни подметнувања. Антизелени, антиеколошки, антипрогресивни и нехумани. Шерувани од Зелените.

А, за политичките и идеолошките пораки на оваа „нова традиционална архитектура“ не мислам да трошам зборови. Ако не знаете што овие стилови претставуваат, односот на државата/владетелот кон обичниот човек, односот кон религијата, националните митови, животната средина… тогаш ви нема спас“, пишува активистот и поранешен шеф на кабинетот на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

Tags: Никола НаумовскиСКОПЈЕСкопје 2014
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ