• Latest

Неделна анализа: По три ипол месеци, пратениците конечно во Собранието, Груевски отпатува од Македонија!

March 27, 2017

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Неделна анализа: По три ипол месеци, пратениците конечно во Собранието, Груевски отпатува од Македонија!

March 27, 2017 19:39
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Три ипол месеци по изборите, пратениците по втор пат се состанаа во Собранието, каде се одржува продолжението на конститутивната седница, на која што треба да се гласа составот на Комисијата за избори и именувања и да се избере нов претседател на парламентот, на местото на  Трајко Велјаноски.

Состојбата во државата е речиси хаотична. Според лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска по кратка постапка треба да се избре новиот претседател на Собранието, кандидатот на ДУИ, Талат Џафери. Но, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат откажување од т.н. Тиранска платформа. А, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да присуствува на конститутивната седница, отпатува од Македонија.

Додека голем дел од гласачкото тело очекуваше денешниот, да биде ден на почеток на одблокирање на политичката криза, не запираат протестите на членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, под мотото„За заедничка Македонија“, а против  т.н. Тиранска платформа.

Заев најави реформска влада, а Груевски отпатува од Македонија

Лидерот на СДСМ, Заев синоќа на интервју на една национална телевизија, блиска до ВМРО-ДПМНЕ, беше дециден дека во Македонија наскоро ќе биде формира реформска влада. Тој ги демантираше сите гласишта дека во коалиционата влада со албанските партии, при договарање на идните заеднички чекори, ќе има промена на Уставот, на знамето и на грбот, дека ќе има двојазичност на полициските униформи. Заев беше категоричен дека и покрај кроењето заговори од неговиот политички ривал Груевски, оти наводно, ќе ја снема Македонија, единствено „што ќе се случи е што, Груевски нема да биде веќе на власт.“

Столчето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски денеска беше празно во парламентот. Тој со партиска делегација, како што соопшти партијата, отпатува на конгрес на Европската народна партија во Малта и таму ќе остане неколку дена. Но, екипа на емисијата „360 степени“, објави видео снимка од пристигнувањето на Груевски на аеродромот „Ататурк“ во близина на Инстанбул.

Македонската јавност е фрапирана и од фактот што, Груевски  и по една година од неговата премиерска оставка, зазема централно место во дневниците на национални медиуми блиски до ВМРО-ДПМНЕ, каде дури и многу храбро, пред камерите, бара отчет од министрите во оставка. Според експертите, на овој начин Груевски испраќа јасна порака до јавноста дека и покрај формирањето на парламентарно мнозинство, тој и натаму има намера да раководи со државата!

Специјалното јавно обвинителство отвори нови истраги

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори четири нови истраги за четири лица. За осомничените во истрагите под работен назив „Табла“ и „Триста“ постои основано сомнение дека ја злоупотребиле својата положба и стекнале противправна имотна корист. Другите две истраги, „Тотал“ и „Тифани“, се однесуваат на даночно затајување. Осомничените го оштетиле буџетот на Република Македонија за 894.915 евра. Сите истраги произлегуваат од прислушкуваните разговори, од кои дел се јавно објавени.

Обвинителката, Катица Јанева пак, на Меѓународниот ден на укажувачите, побара поголема заштита на „свиркачите“, т.е. донесување на измените во Законот за заштита на сведоци, барања на СЈО доставени до Собранието уште минатата година.

 

 

Санкции за македонските лидери кои одбиваат да се реши политичката криза?

Медијаторите на Европската унија, како што пишува „Фајненшл Тајмс“, предупредуваат дека македонските политички лидери ризикуваат санкции, ако продолжат да ја блокираат новата влада и да разгоруваат меѓуетнички конфликт.

„Иванов доби предупредувања за слични санкции и минатата година, кога превентивно помилува десетици осомничени, идентификувани од Специјалната обвинителка, што ги истражува наводите за злоупотреби на Владата откриени на прислушуваните снимки. Груевски беше меѓу помилуваните, пред претседателот Ѓорге Иванов да ја повлече амнестијата, соочен со меѓународна осуда“, пишува „Фајненшл Тајмс“.

Европската „четворка“, Јоханес Хан, Едуард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл упати јасни и директни пораки по средбите со лидерите на параламентарните партии во Скопје, дека мора да се почитуваат резулатите од неодамнешните избори. „Во една земја, секој мора да ги признае парламентарните мнозинства“, порачаа, посочувајќи и на претседателот Иванов, кој одлучи во тој период да престојува во Унгарија.

Моника Талеска

 

 

Tags: „Фајненшл Тајмс“ГруевскиЕдуард КуканЗаевИво ВајглЈоханес ХанКнут ФлекенштајнСЈОТалат Џафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ