• Latest

Неделна анализа: Политичката авантура продолжува, се креира сценарио за нереди!

March 6, 2017
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Неделна анализа: Политичката авантура продолжува, се креира сценарио за нереди!

March 6, 2017 17:41
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжи политичката авантура на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и на ВМРО-ДПМНЕ! Иванов реши да не му го додели мандатот за нова влада, на опозициониот лидер Зоран Заев. Но, додека Заев го обвини Иванов за државен удар и за непочитување на Уставот, ВМРО-ДПМНЕ ја засили националистичката реторика  својата политичка агенда, одговори на повиците на својот лидер, Никола Груевски и излезе на масовни протести.

Освен администрацијата, дури и дел од лекарската фела која наместо бели мантили носи партиски униформи, ги напушта работните места за да ја „одбрани“ унитарноста на Македонија. Но, соблазнително е што и средношколци се инволираат во политичката авантура, делат флаери, одат од куќа до куќа на познати новинари или истакнати јавни личности и провоцираат инциденти.

Мирот и безбедноста во државата полека им излегува „низ прсти“ на надлежните! Потврда за тоа е состојбата, особено во главниот град на државата. Само минатата недела, во Скопје се случија многу инциденти, вербални, физички и крвави пресметки со различна заднина, деликвенција, ширење на меѓуетничка омраза… Говорот на омраза во медиумите бележи највисоко ниво последнава декада, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Социјалните мрежи се медиуми на етничка, религиска, национална катарза на граѓаните, кои „ставија“ црвена линија, означувајќи ја поларизацијата на ставовите. Регрес и декаденција, деновиве се „атрибути“ на македонското општество кое тоне во метастазиран криминал, корупција и информативен мрак.

Меѓународната заедница оценува дека состојбата е тензична и порачува оти не смее да се излезе од институционални рамки.

Иванов не го даде мандатот, ДУИ реши да влезе во владата на СДСМ

Претседателот Иванов по долги консултации, како што рече, со уставните експерти, одлучи за „доброто“ на нацијата и државата, да не го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кому сопартијците му ја дадоа довербата да биде новиот мандатар на новата влада.

По долго советување и Претседателството на ДУИ, реши, не само да ги даде потписите за мандатите, туку и фактички – партијата да стане коалиционен партнер на СДСМ.

Наспроти нив, членството и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ се организираа во граѓанска иницијатива „За заедничка Македонија“, која на протести во повеќе градови во државата, го манифестира својот револт против Платформата на трите албански партии/коалиции, против двојазичноста, промената на химната, знамето и грбот на Македони. Барем, според тоа што го велат на собирите. На еден од нив, во Велес, говореше и митрополитот Агатагел. Ова секако го отвора прашањето и за македонското општествено уредување, кое треба да функционира врз секуларен принцип. Дел од македонската јавност потсетува дека МПЦ е во многу блиски реалации со ВМРО-ДПМНЕ, особено затоа што големи суми пари изминатава деценија се инвестирани во многу цркви и манастири, додека ни за денар не беше зголема социјалната помош на социјално загрозените семејства со години.

Медиумите – генератори на говор на омраза

Македонските медиуми не се само поларизирани, туку најголем дел од нив, оние кои се блиски до власта, се генератори на говор на омраза, со најголема жестина досега. Објективен медиумски дискурс со балансиран пристап во процесот на информирање, може да се чуе едвај на 4-5 мејнстрим медиуми и на македонски и на албански јазик, кои не се доволни за креирање објективна слика за македонската општествено-политичка реалност.

Медиумски екипи беа нападнати и повредени од припадници на толпата која протестира „за одбрана на унитарноста на Македонија“. Новинари на разни начини се испровоцирани, некои се исплукани, други на домашна адреса добиваат заканувачки пораки, универзитетски професор е навредуван, а тој за возврат му удрил шлаканица на еден од провокаторите.

Според продемократската јавност, овие инциденти доаѓаат од кујните на политичките структури, познати од т.н. „бомби“, кои порачуваа „шамари на градоначалници“ и се закануваа со фрлање на семејства во ендеци…

Меѓународната заедница порачува да се смират тензиите

Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини и лично, на средба со претседателот Иванов го замолила да ја повлече својата одлука и мандатот за нова влада да го додели на парламентарното мнозинство со 67 мандати, формирано од пратениците на СДСМ и албанските партии. Таа порача дека тензиите во Македонија треба итно да се смират, и дека не смее оваа крајно сензитивна ситуација да ја загрози безбедноста на државата и регионот.

Исти пораки до претседателот Иванов испрати и британската и француската дипломатија, амбасадата на САД во Скопје… Сите порачуваат дека евроатланската иднина на Македонија е нужна, работата на СЈО мора да продолжи, а новата влада на СДСМ и ДУИ, треба да ги продолжи реформските проекти.

Моника Талеска

Tags: анализаВМРО-ДПМНЕ; Ѓорге ИвановДУИЗоран ЗаевНикола Груевскинова владаСДСМСобраниеУстав
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ