• Latest

Неделна анализа: Три месеци по изборите, Македонија е сé уште во политичко лимбо!

March 13, 2017
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Неделна анализа: Три месеци по изборите, Македонија е сé уште во политичко лимбо!

March 13, 2017 20:21
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Три месеци по предвремените, парламентарни избори, коишто по 11-ти декември требаше да стават крај на политичката криза и да отворат нова страница во демократската иднина на државата, Македонија и понатаму тоне. Претседателот Ѓорге Иванов цврсто стои на ставот дека не се исполнети условитe за да го даде мандатот на новото парламентарно мнозинство со 67 пратеници: СДСМ – 49, ДУИ – 10, Беса – 5 и Алијанса за Албанците –  3 пратенички мандати. Државата останува и натаму заробеник на притисоците на ВМРО-ДПМНЕ која освои 51 мандат (евентуално, плус оние 2 на ДПА), додека членството и симпатизерите ги повикуваат граѓаните секојдневно на протести, коишто се одржуваат во многу градови во државата.

Под мотото „За заедничка Македонија“, тие бараат лидерот на СДСМ, Зоран Заев да ја отфрли, како што ја нарекуваат „Тиранската платформа“, да нема промена на Уставот, на знамето, химната и на парите, да нема двојазичност и да се формира малцинска влада со ВМРО-ДПМНЕ, до спроведување на нови избори.

Парламентарното мнозинство најави преговори за избор на претседател на Собранието

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во партиското седиште, со силна поддршка од раководството и партиското членство, пред јавноста ја промовираше идната програма на новата влада. Тој беше дециден дека во новата програма, нема простор за уставни промени, рече дека нема да има – ниту двојазичност на парите, ниту ќе се менуваат државните симболи, ниту ќе има двојазичност на армиските униформи. Единствено, согласно со Уставот, во средините каде што живее над 20 отсто население од друга националност, граѓаните ќе може во државните институции да се обратат на својот мајчин јазик.

Но, и покрај категоричниот настап на Заев, кој во своето експозе ги демантираше сите наводи на провладините медиуми, за поделба на државата, за кантонизација, за засегање на националните интереси, протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ – продолжуваат. ВМРО-ДПМНЕ веднаш по експозето, го повика Заев да се откаже од т.н. Тиранска платформа.

Од Беса соопштија дека програмата што ја претстави СДСМ е рамка, којашто треба да се догради за да биде сеопфатна и за прашањата, коишто се однесуваат на Албанците. Во оваа фаза, велат, ќе се воздржат од коментар за деталите од претставената програма од СДСМ, бидејќи сé уште не е деблокирано доделувањето мандат за претседателот на СДСМ. Но, откако ќе му биде доделен мандатот, ќе ги презентираат забелешките и сугестиите, за да се постигне една сеопфатна програма на следната влада.

Портпаролот Бујар Османи, изјави дека ДУИ не се согласува дека двојазичните банкноти и униформи се неуставни, напротив, според партијата, тие се целосно во рамки на Уставот, како и двојазичните пасоши што се користат низ цела територија на Македонија со години наназад.

Политичките игри во македонското судство продолжуваат

Специјалното јавно обвинителство побара притвор за сопственикот на ТВ Нова, Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“. Од СЈО ја информираа јавноста, дека, за ваквата одлука на Кривичниот суд не се официјално известени. По официјалното обраќање на СЈО, од Кривичниот совет биле известени дека е донесена одлука по жалбата на СЈО, но дека таа дополнително ќе биде доставена. А, во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи распиша и меѓународна потерница по Кочан.

Одбраната достави и жалба на одлуката, а од Апелациониот суд велат дека не добиле таков предмет?! Адвокатот на Кочан, Никола Додевски изјави во медиумите дека е ирелевантно каде е и кога ќе се врати Сеад Кочан, зашто смета дека е протизаконско решението на Кривичниот совет.

„Тој е слободен човек и тој може да си ги извршува сите свои работни обврски“, смета бранителот на Кочан.

Поранешниот премиер Никола Груевски и уште 13-те обвинети, не дојдоа на закажаното рочиште за случајот „Насилство во Општина Центар“. Без да побара образложение од одбраната, зошто обвинетите не се појавија во Судот, судијката Татјана Михајлова експресно, за десетина  минути го одложи рочиштето. Таа предметот го прати во Апелационен суд, за да одлучува по жалбите на СЈО. Одбраната  смета дека не постојат  услови за одржување на рочиште и затоа никој од обвинетите не дошол во Судот.

Според адвокатот на Груевски, Никола Додевски, „додека не одлучи Советот, не постојат услови за почеток на процесот“.

Продемократската јавност и натаму на удар

Граѓанските протести стануваат средиште на напади врз новинари од медиумите со критички пристап. По екипата на порталот А1 Он, нападната е и екипата на ТВ 24, а се упатуваат и вербални закани до новинари и сниматели од сите други медиуми, коишто не се „блиски“ на ВМРО-ДПМНЕ. Здружението на новинари на Македонија, Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиуми и Советот за етика реагираа на ваквото однесување на учесниците  на протестите во организација на иницијативата  „За заедничка Македонија“. Освен расветлување на случаите од МВР, тие бараат итно да се овозможат услови за работа на новинарските екипи.

ЦИВИЛ – Центар за слобода посочи дека последниот напад врз новинарите, не е изолиран инцидент, туку насилство, како  дел од имиџот на протестите од самиот почеток.

„Се тепаат новинари кои ја вршат својата работа, да ја информираат јавноста за настаните. Се напаѓаат активисти за човекови права и јавни личности. Тоа е неприфатливо и мора веднаш да престане!“ побара ЦИВИЛ.

Од друга страна, Финансиската полиција, во моментов, ги „чешла“ документите на 13 граѓански организации, од кои се одземени документи што се однесуваат на грантови од Агенцијата за меѓународен развој на САД – УСАИД. Од фондацијата Отворемо оштество Македонија на Џорџ Сорос, изјавија дека се работи за засилен притисок врз невладиниот сектор, бидејќи инспекторите на УЈП уште од декември се влезени во околу 20-тина граѓански организации.

Meѓународната заедница го повикува Иванов, да го додели мандатот 

Во тек е силна дипломатска офанзива насочена кон претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за да го „охрабри“, во рамките на Уставот, да го додели мандатот на парламентарното мнозинство. Апелите од меѓународната заедница се – Иванов итно да ја ревидира својата одлука.

Иако, шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, по турата по Балканот, отворено и јасно му порача: „Не си играјте со оган!“, Иванов опстојува на ставот дека не се променети условите и дека постојат пречки за да му го додели мандатот на Зоран Заев.

Моника Талеска

Tags: „Труст“IvanovА1 ОнБесаГруевскиДодевскиДУИЗаевЗаедничка Македонијамеѓународна заедницаМогериниОсманиСоросТВ 24УСАИДфинансиска полицијаФИООМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ