• Latest

(Не)човечното во нас

June 19, 2018

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

(Не)човечното во нас

June 19, 2018 07:30
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред не толку долго време, на бреговите на Јадранот, под ѕидините на стариот град Будва, за време на паузата за ручек на една конференција за бегалците, слушнав убави зборови за Македонија. Секогаш кога ќе слушнам такви убави коментари на наша сметка, во мене се буди чувство на гордост и задоволство, пропратено со сеќавањата за тоа колку се трудевме да ја издигнеме нашата земја од црна дупка кон безбедна транзит земја за бегалците. Но, тие неколку секунди гордост веднаш ги потиснува мислата: „Можевме повеќе!“ Да, секогаш можеме повеќе.

Пишува: Јасмин Реџепи

Имено, колешката од една организација од Бугарија ги пренесуваше своите впечатоци за нејзината посета на Транзитниот центар за бегалци Табановце, при што истакна колку била зачудена и воодушевена од одѕивот на локални донатори и волонтери, кои од срце работеле со бегалците. Јас пак се зачудив зошто таа би се зачудила на такво нешто? Во нашата традиција како земја и граѓани сме прифаќале бегалци од Егејска Македонија, па оние од Босна и Херцеговина, па бегалците од Косово, па сега и овие блиско-источни бегалци чии огништа и сограѓани секојдневно се бомбардирани , а коишто само сакаат да поминат низ Балканот. Во овие дела на солидарност се огледа човечноста на една држава, на една нација, и доблестите кои ги поседува.

Таа ми рече дека такво нешто не се случувало во нејзината земја, дека нејзините сограѓани немале толкава мерка на солидарност, и тоа ниту кон бегалците, ниту кон маргинализираните зедници или малцинства. Но, тоа што највеќе ме запрепасти беше следното: „Доколку мајка излезе во парк да го прошета своето дете кое има пречки во развојот, останатите мајки се бунат и ја протеруваат, за нивните здрави деца да не го гледаат нејзиното „болно“ дете.“ Молам? Во држава членка на ЕУ? Во 21. век? Не можам да поверувам! „Да, мојата пријателка имаше такво искуство со нејзиното дете кое имаше церебрална парализа. Наидуваше секојдневно на толкав отпор, што на крајот мораше да се отсели во САД и да бара азил таму.“

Си помислив, што народ ќе беа? Кај нас немам ни чуено за вакво нешто, а камо ли посведочено. Но за жал, не помина околу месец, а муабетов ми падна на памет кога на социјалните мрежи ги видов протестите во село Тимјаник. И јас, како и целата јавност во земјава, бев згрозен од тој чин на локалното население. Зарем може некој да не им сака добро на тие деца? Зарем тие родители кои секојдневно се мачат со тие деца немаат право барем малку да ги остават за да можат да отидат на работа и да заработат како и сите ние за своите семејства? А во секој град или село постојат семејства со вакви проблеми. Тоа не е заразна болест од која треба да се плашиме. Тоа не е страшен призор од кој треба нашите деца да се плашат. Напротив, треба да Му заблагодариме на Бога за нашето здравје и за здравјето на нашите деца, а потоа да ги учиме нашите деца дека постојат дечиња кои имаат посебни потреби, на кои им е потребна посебна грижа и со кои со посебно внимание можат да си играат.

Свесен сум дека многу гратчиња и села имаат инфраструктурни проблеми, но Министерството за труд и социјална политика е надлежно за други проблеми, и не е во ред да се мешаат ингеренциите и различните проекти на развивање на руралните средини и решавањето на социјалните проблеми на одредени категории граѓани. Овој протест укажува на тоа дека нашите граѓани не се ни свесни ни запознаени со тоа како функционира системот во нашата држава, па за тоа образовните институции треба да посветат посебно внимание. Не се свесни ни за тоа колку ваквите центри би им олесниле не само на корисниците на услугите и на нивните семејства, туку и на оние локалци кои таму ќе најдат нови работни места.

А не сакам ни да верувам дека зад сево ова стојат политички фактори, иако тоа лесно се претпоставува, туку ќе оставам на совеста на граѓаните да размислат дали биле политички злоупотребени за да го манифестираат нечовечкото од себе си, со надеж дека ќе ја пронајдат грешката, ќе се покаат и поправат, и дека веќе нема да читаме за вакви нехумани протести во општеството.

Tags: Министерство за труд и социјална политикаТимјаникхуманост
Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ