• Latest

Недоверба, страв и гнев – или – зошто луѓето гласаат „за инает“?

August 17, 2023
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Недоверба, страв и гнев – или – зошто луѓето гласаат „за инает“?

August 17, 2023 08:29
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Големиот број на политички партии во една земја, на прв поглед, може да се сфати како добар знак – дека демократијата е во напредната фаза и дека владее плурализам. Но во реалност тоа има сосема поинакви значења и ефекти.

Пад на бројот на пратеници

Што се однесува до директните партиски интереси, добро е да се има предвид дека големиот број на политички партии во еден блок, по било кој критериум (македонски или албански, десничарски или левичарски), генерално, може да предизвика пад на бројот на пратеници од тој блок во идниот состав на парламентот. И пак не значи дека малите партии ќе ги добијат посакуваните бројки.

Фрагментацијата не значи и придонес кон плурализмот

Иако на прв поглед изгледа како придонес кон плурализмот, фрагментацијата на политичкото ткиво, може да предизвика и пад на квалитетот на политичкиот живот, а никако не значи дека е зајакната политичката култура. За време на изборните процеси, не мал дел од гласовите се губат поради прекумерната поделба меѓу повеќе политички субјекти.

Кон тоа придонесуваат и изборниот систем, поделбата на изборни единици, моделот на пресметување на гласовите потребни за мандати и низа други, да речеме, објективни фактори. Барем тоа е впечатокот од долгогодишниот изборен мониторинг на ЦИВИЛ, во кој учествувам од самиот почеток.

Најважна е довербата

Најважен фактор во политичкиот живот во една земја, особено во пресрет на избори, е довербата. Која ја нема.

Живееме во доба кога луѓето имаат сè помалку доверба, а сè повеќе страв и гнев. Тоа не е само случај со нашата земја или регионот, туку е глобален феномен. Луѓето се исплашени, недоверливи и гневни. Може да се рече и – несреќни. Тие се недоверливи, затоа што се чувствуваат изневерени.

Тие се разочарани од сѐ. Од институциите, од политичарите, од големите бизниси, од фармацевтската индустрија и здравството, од загадувањето, од верските институции, од интелектуалците, правосудството… Сето тоа влијае на генералната атмосфера во општеството и – на довербата во изборниот систем и самите изборни процеси. Како дојде до тоа, постојат низа објаснувања, но тоа е веќе друга тема.

Конфузија и недоверба

Големиот број на политички партии не ветува дека ќе вдоми некои од очекувањата и надежите на гласачите. Напротив, може да предизвика само уште повеќе конфузија, па и недоверба.

Шетајќи меѓу рафтовите со политички понуди, луѓето на крајот се чувствуваат немоќни да изберат некој од производите (програмите и/или личностите) затоа што не се сигурни дека сѐ што пишува на амбалажата и декларацијата е навистина точно. А продавницата, за жал, често набавува производи со изминат рок на траење. Или се прескапи (национализам, поларизација, насилство).

Старо-нови лидери

Дополнително, во случајот со политичката понуда во земјава, треба да се земе предвид дека голем број нови политички партии ги покренуваат токму политичари кои претходно биле високи функционери во други партии. Всушност, најголем дел од нив се старо-нови лидери, а секако се сениори во политиката.

Се разбира, секоја партија има своја приказна и специфика, но општо земено, политичките елити само се прегрупираат. Во суштина, се работи за една каста од политички влијателни луѓе кои само се прегрупираат, а довчерашни партиски партнери стануваат лути политички опоненти.

Тоа не мора, но може да биде индикатор за сосема поинакви состојби.

Внатрепартиска демократија и лични амбиции

Меѓу другото, тоа може да упатува и на недостаток од внатрепартиска демократија кај некои партии, како што одделни „отцепени“ партиски лидери наведуваат во своите изјави.

Уште поинтересно, големиот број политички партии може да упатува и на личните амбиции на одделни политичари кои сметаат дека ќе бидат поуспешни ако водат свои, нека се и помали, политички партии.

Има една партија која внатрешната структура ја одржува хомогена со нотарски изјави, корупција, притисок и заплашување. Кој колку заслужил…

Политиката – бизнис и можност за брз и лесен профит

Во секој случај, ни оддалеку не е новост ако се каже дека на политиката се гледа како на бизнис и можност за брз и лесен профит. Самиот систем прави политичките партии да бидат пожелна дестинација за секој што сака да заработи, а притоа да се стекне со популарност и моќ, преку кои може да добие уште повеќе пари.

Со други зборови, рецепт за корупција, односно коруптивно однесување на партиите. И колку е помала партијата, толку подобри се перспективите на моќните фигури во нив. Како?

Производите во малите продавници често се повисоки отколку оние во големите супермаркети…

Високата цена на шефовите на партиите-дуќанчиња

Така и помалите политички партии, како самостојно, така и кога се во коалиции во парламентот, можат да добијат повисока вредност кога се потребни нивните гласови за важни политички одлуки. Тие „се продаваат“ мошне скапо на политичкиот пазар, во замена за гласот што е потребен за клучни прашања за земјата.

Македонските примери за тоа се бројни – уставни измени за откочување на интеграцискиот процес во НАТО (2019) и ЕУ (2023), деблокирање на реформски закони во областа на правосудството, буџет, употреба на јазиците на заедниците, социјална правда, образование и низа други.

Јасно дефинирана политичка ориентација – немет!

Не смее да се изостави еден од главните недостатоци на поголемиот број политички партии, а тоа е отсуството на јасно дефинирана политичка ориентација, платформа и стратегија за клучните прашања од животот на граѓанките и граѓаните. Некои од нив доаѓаат, понекогаш, до точни констатации за предизвиците, но немаат поим како да ги надминат, или начинот на кој сакаат да ги решат е целосно погрешен.

Се разбира, овде има простор за многу подетални анализи на секој аспект споменат овде, како и низа други кои не се наведени. Но…

Кога вака ќе се погледне политичката мапа на Северна Македонија, а имајќи предвид и други последици од политичкиот хаос во земјата, ни оддалеку не е чудно што луѓето се апатични и често решаваат да апстинираат од гласање. Или гласаат – „за инает“ и „против“, а не „за“.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: демократијаизбориКорупцијаплурализам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ