Откако од Антикорупциската комисија истакнаа дека фирмата на советникот во Охрид, Нефи Усеини не смее да учествува во тендерот за уривање на дивоградбите во Охрид, тој најави жалба до сите релевантни институции во земјава и во странство, вклучувајќи ги и УНЕСКО.
„Ќе се жалам за дискриминација. Доколку мојата фирма го добиеше тендерот за рушење на дивоградбите, прво ќе ја срушев мојата дивоизградена пицерија, која се наоѓа на заштитно место на УНЕСКО, потоа ќе продолжев со рушење на хотелите во заштитното подрачје во Лагадин“, вели Усеини.
Тој е длабоко навреден и понижен, и во знак на револт нема да дозволи некоја друга фирма да му ја сруши пицеријата, туку тој самиот ќе ја сруши, без ниту еден добиен државен денар.
На крај, кратко додаде: „За ваков народ не треба пица, нека јадат чоколадо“!, и си замина со насолзени очи.
Рушит Багери
Оградување, одбрана и заштита: Секоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна.