„Се покажува дека една најдобронамерна идеја не може да биде добра. Во кабинетот на претседателот на државата би требало, ама не процениле, дека во актуелното водство на Комитите нема ниту „н“ од навивање и нити „с“ од сакање на нивниот и наш Вардар. Туку само есенција, концентрат на компримиран и изветвен национализам и обичен примитивен партизам во кој нема ниту „п“ од патриотизам. Па така, тука нема место ниту за „с“ од сакање на спортот, ниту пак за „н“ од навивање во спортот.“
Зоран Иванов
Цитат од колумната „Спорт, љубов и политика – е тоа не оди заедно“, објавена на ЦИВИЛ Медиа на 19 декември, 2019 год.
Рубриката ЦИТАТИ е простор каде што издвојуваме цитати од текстови, претежно објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ. Редакцијата е отворена кон сугестии од своите читателки и читатели. Содржините објавени во оваа рубрика се слободни за преземање од другите медиуми, под услови пропишани во лиценцата Creative Commons 4.0.