• Latest

Неонацизмот во Србија сè посилен, групи пропагираат омраза преку социјалните мрежи

July 20, 2018

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Неонацизмот во Србија сè посилен, групи пропагираат омраза преку социјалните мрежи

July 20, 2018 15:40
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Под насловот „Digital Terrorism and Hate 2018″ (Дигитален тероризам и омраза 2018) Центарот „Симон Визентал“ го објави извештајот за неонацизмот на социјалните мрежи каде што се споменуваат и неонацистички организации во Србија. 

Во извештајот се наведува дека српскиот бенд „Terror 88“ шири омраза и идејата за фашизмот преку социјалните мрежи. Во соработка со Фејсбук и Твитер нивните објави се исклучени, но не се исклучени од блогот и Инстаграм. Додаваат дека бендот „Terror 88“ е тесно поврзан со српскиот огранок на забранетата нацистичка организација „Крв и чест“.

Песните на самиот бенд најчесто преку Јутјуб ги шират членовите на „Националниот строј“, организацијата „Бел фронт на Србија“, „Крв и чест“, „Српска акција“, „Combat 18“ и други навивачки групи.

Во јавноста остана во сеќавање убиството на малиот Душан Јовановиќ во центарот на Белград, само затоа што беше од ромска етничка припадност. Сторителите на убиството, Милан Чујиќ и Иштван Фендрик од Земун, тогаш како 17 годишници беа поврзани со неонацистичка организација, во март 1998 година беа осудени на 10 години малолетен затвор. Тие беа пуштени по шест и пол години.

Слична субдина имаше и познатиот српски актер Драган Максимовиќ, кој во 2000 година беше претепан од група млади момчиња, мислејќи дека е Ром. Тој починал два месеци потоа од повредите кои му беа нанесени. Виновниците на тој инцидент не се пронајдени, а според изјавите на очевидци од тој настан се претпоставува дека го сториле скинхедси и навивачи на ФК Рад.

Најсилна неонацистичка организација во Србија е „Combat 18“, борбена група на организацијата „Крв и чест Србија“ (Blood & Honor Serbia), која е формирана исклучиво за насилни акции. „Крв и чест“ е формирана во Србија во 1995 година, а базата на оваа организација е во Велика Британија. Бројот 18 претставува првата и осмата буква од азбуката, бидејќи тоа се иницијалите на Адолф Хитлер.

Од позиција на неонацизам настапува повеќе затскриено и организацијата „Образ“, чии што членови ги нападнаа припадниците на ЛГБТ заедницата. Оваа организација е забранета во 2012 година.

Година предходно беше забранет и „Национален строј“, чијшто претседател е Горан Давидовиќ, познат како Фирер, кој е во бегство во Италија. (blic.rs)

Tags: неонацизамсоцијални мрежиСрбијаширење омраза
Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ