• Latest

Неточна е информацијата дека Општина Карпош вцртува нови објекти за домување кај средното училиште „Здравко Цветковски“

August 30, 2021

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Неточна е информацијата дека Општина Карпош вцртува нови објекти за домување кај средното училиште „Здравко Цветковски“

August 30, 2021 12:39
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Неточна е информацијата дека Општина Карпош вцртува нови објекти за домување. Напротив, локалната самоуправа направи сериозни напори и успеа да избрише четири маркици за изградба на згради. Две добиваат намена парк, а две маркици ќе бидат со намена за државни институции. За овој ДУП, помината е и јавна анкета, како и јавна презентација, како процеси кои обезбедуваат граѓанско учество при нивно донесување“, објави градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев на својот Фејсбук профил, откако на социјалните мрежи се ширеше пропаганда дека „се мунува ДУП-от за да се градат станбени згради“.

Меѓу првите што ги објави овие неточни шпекулации беше Твитер профилот „Еј Бреј @Гогиче“, инаку порано симпатизер на Левица а сега дел од партијата Твоја, кој напиша – „Со жалење ќе ве известам дека пред заминување е запечатена судбината на Карпош“…

Против ваквите шпекулации кои се ширеа на социјалните мрежи деновиве  реагираа корисници на Фејсбук. Ирена Стојкоска, во Фејсбук групата „Заедно, за заштита на зеленилото во Карпош“, на која често се објавуваат вакви теми, истакна дека објавите се извртување на вистината.

– Е ова е ДПМНЕ лага и превара. Трчаат со невистини и нецелосни информации пред утрешниот Совет на Општина Карпош! Затоа што утре граѓаните на Карпош ќе ја добијат целосната информација и вистината за овој ДУП. ДПМНЕ е гробот на овој простор од Карпо. Како и на многумина други делови во Карпош. Но ДПМНЕ како и секогаш пред точната информација, трчаат со ЛАГА да ја информираат јавност и да одат на таа карта: Кој прв ќе каже и што ќе каже тоа е вистината, а се’ друго е “правдање”.

Градоначалникот Богоев, пак, во неговата реакција истакна дека Општина Карпош избриша четири маркици за згради на државно земјиште во Деталниот урбанистички план за Градска четврт З 06, Блок З 06.09 (делот околу гимназијата „Здравко Цветковски“), кој денеска е на дневен ред на седница на Советот на Општина Карпош.

„Имено, со новиот ДУП се бришат две згради предвидени за градба на државно земјиште и истите добиваат намена – парковско зеленило.

Односно, ако претходниот ДУП планираше две маркица за објекти за домување – А2 (П+5+ПК и П+6+ПК), денеска парцелите добиваат намена Д1 – парковско зеленило.

Исто така, со новиот ДУП кој денеска е пред советниците се бришат уште две маркици  во истиот блок за згради – објекти за домување (П+7+ПК и П+7) и истите добиваат намена В1 – државни институции (П+6).

Со ваквата интервенција драстично се намалува површината за домување во станбени згради (А2), а се зголемува зеленилото (Д1). Стариот ДУП предвидувал 65.608 м2 – бруто развиена површина за градење, а новиот ДУП 31.000 м2. Исто така, со новиот ДУП се предвидува 5.080 м2 да бидат наменети за Д1 (парковско зеленило), а стариот ДУП предвидувал само 487 м2 за зелен појас.

Објектот кој е предвиден за државни институции и е во висина од 32 метри, ќе биде за потребите на Институтот за социолошки и политички истражувања, Академијата за судии и јавни обвинители, Заводот за урбанизам, како и други институции. Оттука, целосно е лажна информацијата дека ќе се гради објект за домување од 32 метри.

Новиот ДУП презема две маркици за згради од стариот ДУП (А2 – П+5+ПК и А2 – П+6+ПК)“, вели Богоев.

Ваквите пропаганди и дезинформации очигледно ќе се зголемуваат до локалните избори, со цел одредени партиски структури да добијат политички поени.

ЦИВИЛ препорачува зголемена будност кај граѓан(к)ите при консумирање на медиумските содржини, особено на вакви содржини на социјалните мрежи, кои поради нивната актрактивност брзо стануваат вирални и популарни, но не содржат никаква информативна вредност и се користат за манипулација на публиката. Граѓанките и граѓаните треба да бидат внимателни кога се информираат на интернет и добро да ги проверуваат изворите на информации.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ