• Latest

Невладините не смеат да бидат предворие на власта

May 22, 2018

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Невладините не смеат да бидат предворие на власта

May 22, 2018 18:30
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денешната панел-дискусија „Има ли шанси отвореното општество во Македонија?“, во организација на Фондација отворено општество – Македонија, по повод одбележување на 25 години од нејзиното постоење и ангажман за граѓанското општество, беше посветенa на предизвиците и можностите за граѓанско делување и суштинско вклучување на граѓаните во креирање на политики на локално и национално ниво.

„На страна од заробената држава, ние имавме многу долго време и заробено општество. Толку долго имавме заробено општество што би рекол дека ние веќе немаме ни општество и дека одново треба да градиме некои основни вредности… Она што најмногу загришува во пострауматскиот период на Македонија е токму бавноста на правдата… Неказнивоста се уште е еден од главните белези за тоа што ни се случува во овој период… Постои опасност невладинот сектор во Македонија да се претвори во предворие на власта. Не зборувам за активстите што станаа дел од институциите на Владата… Зборувам за оној момент во кој голем број граѓански организации одвоија голем број човечки ресурси да станат дел од работни групи, совети кои помагаат на Владата да ги промени нештата во земјата. Колку и да укажува на транспарентна и отворена Влада, треба да бидеме многу внимателни и да не станеме на некој начин тампон зона меѓу тоа што значи власт и тоа што значи потреби на граѓанките и граѓаните во Македонија… Да не дозволиме да бидеме изговор за нивните неуспеси или да бидеме мултипликаторот на успесите“, изјави Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

„Во едно конзервативно општество какво што е Македонија вие не можете да уживате добар имиџ кога зборувате за нешто што мнозинството не сака да го чуе… Една деценија заробена држава не научи дека алијансите, коалициите се клучна алатка за носење на општествени промени… “, изјави Ирена Цветковиќ од Коалиција Маргини.

„Една од клучните работи што треба да ги знаеме за тоа во какви услови егзистираат граѓанските организации е да го знаеме непобитниот факт во Македонија дека односот кон општеството на граѓаните е сериозно одреден од симпатизирањето на одредена политичка партија. Во таа смисла Македонија, за жал е сè уште хомогено општество“, рече Миша Поповиќ од Институт за демократија Социетас Цивилис .

„Ако се сеќавате невладиниот сектор бил коректив на Владата на СДСМ пред 2006 година… “, изјави Муслиу, осврнувајќи се повеќе на историјата на граѓанското општество во Македонија упатувајќи дека граѓанскиот сектор треба да биде секогаш активен и креативен.

Биљана Јордановска

Tags: .Џабир ДералаАлберт Муслиуграѓанско општествоИрена ЦветковиќМиша Поповиќпанел дискусијаФондација Отворено општество-Македонија
Share7TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ