• Latest

Невладините под лупа, носат 130 милиони евра годишно, ЦИВИЛ отворено за сите прашања

June 29, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Невладините под лупа, носат 130 милиони евра годишно, ЦИВИЛ отворено за сите прашања

June 29, 2021 18:04
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: ЦИВИЛ со прес конференција „Отворено за сите прашања“, и панел „Каква е улогата на граѓанските организации во општествено-политичките процеси?“

ЦИВИЛ денеска одржа прес конференција под наслов „Отворено за сите прашања“, на која претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала  пред јавноста соопшти како се одвива и како ќе се одвива изборниот мониторинг на ЦИВИЛ оваа година, кои се постигнувањата и предизвиците од досегашната имплементација на проектот „Европски перспективи, следно ниво“ во дадените општествено политички прилики, што претставува проектот „Зелено општество за сите“, во што се состои новата фаза од иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“?, за мониторингот на дезинформации, лажни вести и говор на омраза во изборен контекст, како и националистичките наративи и хибридните закани со кои се соочува општеството.

На денешната прес конференција на ЦИВИЛ, под наслов „Отворено за сите прашања“, претседателот на Организацијата, Џабир Дерала соопшти дека рокот за пријавување за набљудувачи на следните локални избори во земјава, се продолжува до 10 јули на полноќ.

ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА

Покрај дезинформациите и говорот на омразата, ЦИВИЛ ќе прибира и пријави за насилство, дискриминација и кршење на човековите права. Повиците за насилство, како и сајбер нападите се дел од категориите во онлајн пријавата, како и на интересот на мониторинг тимот на ЦИВИЛ.

За пријава следете го линкот на овој банер на ЦИВИЛ Медиа.

Веднаш по пресот, ЦИВИЛ одржа јавен настан на тема „Каква е улогата на граѓанските организации во општествено-политичките процеси?

Говорниците, претставници на граѓански организации на панел дискусијата зборуваа за јавната перцепцијата за граѓанските организации, каков е нивниот удел во политичките и општествените процеси, дали граѓаните ги доживуваат како „фолиранти“ или „прогресивци“, колку се транспарентни во нивната работа и низа други прашања што се однесуваат на улогата и придонесот на граѓанските организации во политички и општествен контекст.

Настанот го модерираше Зоран Иванов, а учесници на панелот беа Валентина Дисоска,  претседателка на Здружение на бизнис жени извршниот директор на МЦМС, Александар Кржаловски, Џабир Дерала од ЦИВИЛ, м-р Милан Петковски, претседател на Македонско здружение за заштита при работа, Ненад Јовановиќ, граѓански активист и колумнист на Слободен печат, Стевче Дечев, граѓански активист, Менде Трајковски од Совет на пчеларско здружение Македонија, и Александар Николиќ Писарев.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Кржаловски: Невладините носат 130 милиони евра годишно

„Буџетите на сите невладини заедно се од прилика од 90 до 130 милиони годишно во Македонија. Тоа е сконцентрирано до околу 300, 400, 500 организации кои имаат над 2.5 илјади евра приходи кои така ги пријавуваат, ама голем број од граѓански организации околу 6.5 ијлади со се тие неизбришаните од претходниот закон, вкупно 15 илјади немаат средства, не располагаат со големи пари, односно функционираат на принцип на членарини и слично, вели Александар Кржаловски на јавниот настан на ЦИВИЛ „Каква е улогата на граѓанските организации во општествено-политичките процеси?.

Има двојно сметање, односно кога ќе стигнат пари во МЦМС, ние ги канализираме до други организации, се смета дека стигнале и кај нас и кај таа друга организација, така што реалноста е околу 50 до 70 милиони евра, што за некој се гледаат многу пари и така се одржуваат овие стереотипи.

Од друга страна целиот придонес на Европската унија кон Македонија со ИПА фондовите е 70-80 илјади евра што значи дека граѓанските организации придонесуваат со сличен обим, ама Европската унија се гледа како голем донатор и голем поддршувач во развојот на Македонија, а ние не сме тие.

ЦИВИЛ 7: Изборни реформи: постигнувања и предизвици, ЕУ и европските вредности 

 

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕКОЛОШКА ТАКСА Еколошката такса претставува еднократно зголемување на цените со постојан и можен преносен ефект.

САМИТ „ЕП – ЗАПАДЕН БАЛКАН“ Претседателите на парламентите од земјите на Западен Балкан заедно со претседателот на Европскиот Парламент и претседателите на португалскиот и словенечкиот парламент потпишаа заедничка декларација во која го повикуваат Советот на ЕУ да ги исполни своите ветувања и итно да преземе одлучни активности за забрзување на процесот на проширување.

МАЛ ШЕНГЕН Заев, Вучиќ и Рама остануваат уште по посветени на патот кон ЕУ и регионалната соработка.

МИРОВНА МИСИЈА Претседателот Пендаровски и министерката Шекеринска изразија огромна благодарност до нашите војници по повод завршувањето на мировната мисија во Исламската Република Авганистан 2002/2021.

ЕКОНОМИЈА Клучните фактори овозможуваат олабавена монетарна политика.

Преку 150.000 граѓани ќе бидат опфатени со законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на граѓаните во услови на КОВИД-19

ВРХОВЕН СУД Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на Република Северна Македонија ја одби како неоснована жалбата на Лидија Неделкова и го потврди решението од 1 март годинава за нејзино разрешување од вршење на судиска функција.

КОРУПЦИЈА Преку реформи и зајакнување на законската рамка и механизмите за финансиско управување и финансиска контрола во јавниот сектор ќе се придонесе кон креирање подобар систем, кон реформи во јавната администрација и успешно спроведување на мерките за борба против корупцијата.

Д. Тахири

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ