• Latest
Добро утро со Орданоски

Ни требаат луѓе што ќе гризат

March 7, 2018
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски во САД, 17 септември 2026 (фото: ФБ профил на Премиерот)

(ВИДЕО) Што ќе ни донесе Мицкоски од Америка?

September 17, 2026
Украина, 17 септември 2026 (фото: Национална полиција на Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ УКРАИНА: 157 дронови, балистички и крстосувачки ракети, над 20 повредени, меѓу нив и деца

September 17, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Правете што повеќе зимница, се спрема изборна кампања

September 17, 2026
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Последна линија на одбраната

September 17, 2026
Изрекување првостепена пресуда за поранешните лидери на ОВК, 16 септември 2026 година; Фотографија: Специјализираните совети на Косово во Хаг

ВЛЕН и ДУИ ја оспоруваат праведноста на Хашката пресуда за поранешните лидери на ОВК

September 17, 2026
Мицкоски и Муцунски во Вашингтон, фотографија од ФБ профилот на премиерот, објавена на 16 септември 2026.

Дипломатија на лажичка: Јавноста заслужува повеќе од фотографии од Вашингтон

September 17, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Американски санкции за Москва, ЕУ со историска понуда за Канада, ОН предупредува на опасната трка во развојот на ВИ, жестоки битки и цивилни жртви во Украина

September 17, 2026

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Ни требаат луѓе што ќе гризат

March 7, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]К[/dropcap]олективните оставки во Државната комисија за спречување на корупцијата наидоа на рамнодушен прием во јавноста. Како кога ќе отворите стара тегла со кисели краставички: устата, инстиктивно, ви се собира од самото сеќавање на киселкастиот вкус на краставичките, иако знаете дека овие се омекнати, со поминат рок на траење, за фрлање. Не ги жалите.

И овие од ДКСК беа одамна скиселени, за фрлање.

Симптоматично е што никој во јавноста нешто посебно не се претргна да ги земе во заштита нашиве неславни антикорупционери. Обично, да беа навистина политички притисоци во прашање, барем некоја ќорава амбасада или некоја подзаспана невладина организација ќе се јавеше со збор-два протест… Ништо. Дури и ВМРО-ДПМНЕ си има поважна работа.

До сега, најзрела е изјавата на членот на Комисијата Сејди Халили кој си поднесува оставка додека, практично, ги читате овие редови: „Оставката не доаѓа само од притисокот (на јавноста), туку поради тоа што сакаме да отвориме пат за новите сили, луѓе и политки. (…) Според мое мислење, сите би требало да си дадеме оставка, да се објави конкурс или тоа да го реши новата влада. Треба да се избере нов состав, за да се борат против корупција на свој начин.“

Оваа изјава е многу подостоинствена од калкулантството „во заминување“ на последниот (Игор Тантуров) и на оној пред него (Горан Миленков) претседатели на Комисијата, кои во своите оставки наведуваат дека се повлекуваат „од здравствени причини“. Единствените здравствени потешкотии на кои јас можам да се сетам во врска со овие двајца е дека со години ги болеше таквоото за состојбата со корупцијата во земјава. Можно е таа болка во препоните толку да се зголемила, што станала неиздржлива; а можно е и оваа формулација да има врска со правната основа за барање апанажи што треба да им ги одобри надлежната собраниска комисија што ја претседава Илија Димовски. Најверојатно ќе си плаќаме уште цела година за нивната препонска болка, оти многу истоштени и потресени си заминуваат од високите функции, па не се во состојба да си најдат работа за приходи без апанажа.

А Халили е во право: на Македонија ѝ треба нова политика, нова борба со корупцијата во државата. Бидејќи, просто е неверојатно како и новите генерации на трошачи на јавните пари, овие што едвам се навлезени во некоја трета деценија од животите, а седат по државни канцеларии, веќе имаат развиено чувство дека државата им е омразена маќеа што треба да се одере додека се може, оти секако оние по нив, како и оние пред нив, тоа не пропуштаат да го прават.

Затоа, изборот на новата Антикорупциска комисија мора да биде направен со мерки за „специјален надзор“, со можност секој нејзин член добро да се протресе, пред да добиеме некакви квалификувани анонимци кои би заминале на некаков, партиски, заслужен одмор во ДКСК.

Предлагам, покрај собраниската процедура, и невладиниот сектор од оваа област да направи некаква анкетна комисија на која ќе ѝ биде овозможено да ги распраша новите антикорупционери за нивните минати активности и идни намери во оваа сфера. Просто, толку да ја подигнеме цената за членувањето во тоа независно контролно тело, што само најмотивираните и најдобрите да можат да поминат. Па да видиме, потоа, дали ќе гризат.

Tags: ДКСКИгор ТантуровскиКорупцијаоставки
Share222TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ