• Latest

Николовски: Самите новинари треба да се изборат за својата слобода

February 17, 2018
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Николовски: Самите новинари треба да се изборат за својата слобода

February 17, 2018 12:20
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со Мартин Николовски, студент по новинарство од Битола, кој одлучил да студира во Анкара, Турција, разговаравме за слобдата на изразување, значењето на активизмот и за новинарството во Турија и Македонија.

ЦИВИЛ Медиа: Што за вас претставува слободата на изразување, слободата на медиумите и активизмот?

Николовски: Слободата на изразување, особено доколку професијата ви е новинарство, е една од најзначајните нешта што ги посакува секој новинар – слободно да пишува на одредена тема којашто се смета дека е од јавен интерес и дека може да донесе промени во општеството. Меѓутоа колку таа се практикува и каква е состојбата во медиумите во Македонија иво светот, сметам дека сме земја во која што сè уште се бориме за слбоден говор, особено во последните неколку години. Односно новинарите што слободно зборуваа, беа затворани, под големи притисоци и енормно високи казни. Затоа сметам дека новинарите сè уште треба да ја водат таа борба за слобода.

Слободата на медиумите зависи и од уредувчката политика и од насоченоста на самиот медиум, односно одлуката како ќе ги пренесуваат информациите до јавноста. Некои медиуми се економски независни, пред сè од политичките партии, која и да е на власт… не верувам дека доколку еден медиум зел милионски суми пари би известувал против власта, особено кога отаму доаѓаат финансиите. Напротив, тој медиум станува послушник на власта…

Благодарение на активизмот во Македонија, луѓето почнаа да веруваат во промени. Сведоци бевме на студентските и средношколските протести кои донесоа промени и на политички план во земјата. Во последен период се покажува колку е важно јавното мислење и критика дека може да промени нешто доколку се сака. Активизмот треба да биде на повисок пиедестал…

ЦИВИЛ Медиа: Можете ли да направите паралела како се учи и практикува новинарство во Турција, каде што и студирате новинарство, и во Македонија?

Николовски: Во Турција праксата е задожителна, без разлика што и да студираш. Универзитетите се на високо ниво во однос на условите на одржување на настава. Сведоци сме колку се лоши условите кај нас, особено на Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола. Предавалните со години не се реновирани, се учи на искршени клупи во субстандардни услови, за разлика од Турција.

Што се однесува на медиумите во Турција, ќе направам една паралела меѓу локалните медиуми во Битола и во Анкара. Доколку си локален медиум во Анкара, автоматски имаш шест мислионска публика, колку што има и жители. Кај нас во Битола 80.ооо жители, но не секој гледа локален медиум… Медиумите во Анкара се економски независни и немаат притоисок од власта, без разлика за која се работи. не се зависни и водат сопствен политика онака како што сакаат. Во Битола се знае пазарот и се знае кој колку е моќен.

Во однос на слободата на изразување, според мене, ако ја се прашувам која е реалната слика на Турција, затоа што често ме прашуваат зошто се одлучив таму да студирам, им објаснувам дека западните медиуми прават една погрешна слика за она што реално се случува со медиумите таму. Не е до толку лоша ситуацијата колку што се прикажува. Сепак, има слобода, меѓутоа има и доста притисок од власта.. По пучот во Турција во 2016 година, досега се уапсени над 3500 новинари и не знам колку медиуми се затворени со тоа што биле со  организацијата „Фето“. Колкава е поврзаноста не сум компетентен да кажам…

ЦИВИЛ Медиа: Колку новинарството во Македонија е слободно и што треба да се преземе да се заштити или да се добие уште поголема медиумска слобода и независност? 

Николовски: Проблем се условите во кои работат новинарите, особено во локалните медиуми. Постојат сè уште медиуми што се наоѓаат во бараки, со ограничени ресурси, дописниците немаат свои канцеларии, се снаоѓаат како знаат. Тоа треба да се промени. И самите новинари треба да се изборат…

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: БитолаМартин НиколовскиМедиумислободатурција
Share5TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ