• Latest
Добро утро со Орданоски

Ниско ми го скрои минарето

November 27, 2017

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Ниско ми го скрои минарето

November 27, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]В[/dropcap]о децениите кога Турција беше секуларна држава – сега е на добар пат да стане една од понадежните недемократски теократии, на чело со новиот политички султан – власта во Турција, како што ми раскажувале пријатели од Истанбул, забранила употреба на звучници и (во тоа време) на ленти снимени повици на оџите до верниците за повик на молитва.

Кога некои муезини се побуниле, надлежните секуларни власти, итромански, им одговориле дека, ако сакаат да ги пеат своите прекрасни ориентални молитви од минарињата, ќе мора оџите навистина да се качат на балконите на тие минариња, па од таму да се распеат колку што ги држи гласот, бидејќи искрената порака од Алах до верниците не може да биде посредувана со електронски направи како микрофони и звучници!

Со други зборови, кој сака да повикува од минарето, таа „капија“ помеѓу земјата и небесниот рај, може – бујрум, искачи се по тесните и стрмни скалички в зори, на пладне, попладне, навечер и за време на ноќната молитва, па викај колку што можеш, ама одозгора!

Не знам зошто, но на оваа „курнаска“ секуларна прикаска се присетив деновиве, следејќи ги расправите за конзервирањето на Алипашината џамија во Охрид. Имено, не сум сигурен дека до крај ја разбирам загриженоста на некои охриѓани, формулирана во реторичкото прашање: „Ќе никне ли минаре од 32 метри до Алипашината џамија?“

Најкраткиот одговор би бил: Да, ќе никне. Па, што дека?

Колку што читам – колегата Веле Митаноски имаше некни еден извонреден текст на оваа тема во „Слободен печат“ – е изградена пред некои 450 години, што и за древниот Охрид е биографија за респект. На сите расположливи фотографии и друг вид на фактографски документи, минарето било со висина од триесетина метри, барем откако минариња се градат до џамии (патем, првото констатирано минаре во историјата наводно било изградено 80 години по смртта на Мухамед, што значи многу одамна, иако тие верски архитектонски форми постоеле многу и пред појавата на исламот) и откако некој тоа го памети. Ако се погледаат старите фотографии, секој здраворазумски може да дојде до тој „метрички“ заклучок…

Па, ако дошло ред да се обнови и конзервира тој објект, колкаво сега да биде минарето што некогаш елегантно, во оригинал, се извишувало над охридската чаршија? Седум метри? Петнаесет? Или да направиме локален референдум за неговата висина – може така и во подрум да заврши…

А да ја обновиме џамијата без минаре?! Како да обновуваме стара црква без камбанарија, оти некому погледот може да не му се допадне?

Впрочем, се побуни ли некој колкаво е бетонското минаре, пардон, камбанаријата, што пред некоја година се изгради во центарот на Скопје, на улица „Македонија“, до домот на АРМ, како составен дел од монструозните „архитектонски“ фрустрации на Никола Груевски за фалсификаторското „возобновување“ на црквата „Св. Константин и Елена“? Мене ми личи дека таа грдотија има едно стотина метри нагоре, за инает на сите што не го разбраа вдахновениот гениј на Големиот Возобновувач и Водач (на криминалното здружение).

Ами, највисокото постоечко минаре во светот е она во Казабланка, до тамошната Хасан Втори џамија, кое супериорно се извишува кон небото со своите цели 210 метри! Импозантни се и минарињата во Лондон (на Бејтул Футух џамијата), Ќутуб минарето во Њу Делхи или најсеверното преживеано од Отоманската империја, она во унгарското место Егер… Сите се мнооогу повисоки од срушеното во Охрид… Каква ли ќе беше дебатата овде да требаше некое такво да обновуваме?!

Охрид е прекрасен град, не само заради бисерното езеро до него, туку и заради пребогатата историја со која располага, на која секој добронамерен светски намерник топло му завидува. Затоа и си мислам дека во град со 365 цркви во него – една за секој ден од годината, од катедралната „Света Софија“, до десетици параклиси расфрлени по охридските угорници и слепи сокаци – обновата на објект стар пет векови би требало да биде повод за општокултурна прослава, а не за тесногради, тарашмаалски озборувања.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: Алипашина џамијакамбанаријакриминално здружениеминареНикола ГруевскиОхридрелигијацркваџамија
Share200TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ