• Latest

„Немам ни за леб“ – видео сведоштва за социјалните неправди

February 20, 2016
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

„Немам ни за леб“ – видео сведоштва за социјалните неправди

February 20, 2016 10:51
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

„Немам ни за леб“ се видео сведоштва за социјалните неправди во Република Македонија во продукција на ЦИВИЛ Медиа, чија проекција, по повод Светскиот ден на социјалната правда ќе се одржи во хотел Сити Парк, денеска, со почеток во 12 часот. Фондација Фридрих Еберт (ФЕС) и ЦИВИЛ – Центар за слобода заедно работат на темите од областа на социјалната правда од почетокот на 2015 година.  

Злоупотребени, експлоатирани, понижени, огорчени, исплашени, сиромашни… Во текот на изминатата година, екипата на ЦИВИЛ Медиа ја крстосуваше земјата со истражување на состојбата на работничките права и социјалната правда, воопшто. Општ заклучок е дека институциите на државата и локалните институции, едноставно, не функционираат во согласност со Уставот на Република Македонија и меѓународните стандарди кои се ратификувани и треба да имаат сила на национални закони во земјата.

„Социјалната положба и работничките права во Република Македонија се на неприфатливо ниско ниво. Секојдневно, македонските граѓанки и граѓани се соочуваат со еден единствен предизвик – да преживеат. Дел од работодавачите во земјава на работниците им исплаќаат мизерни надоместоци за тешкиот труд, а притоа не обезбедуваат ни минимални услови за работа и ги третираат под нивото на човечкото достоинството. Оваа состојба ја установивме во текот на истражувањето низ цела Македонија. Особено тешки злоупотреби со работниците и со социјално загрозените граѓанки и граѓани се прават во изборен контекст.“ – изјави Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

фото: Џабир Дерала
фото: Џабир Дерала

„Имајќи ја предвид тешката состојба на медиумските слободи во земјата, Редакцијата ЦИВИЛ Меадиа ја искористи методолошката алатка Street Media, која подразбира продукција и видео проекции на информативни содржини на плоштадите низ Македонија преку кои јавноста може непосредно да се запознае со социјалните состојби во своите средини. На овие настани, присутните можат да учествуваат со прашања и коментари, на кои им одговараат претставници на граѓанското општество и експерти кои ги покануваме да говорат јавно, а за кои, очигледно, нема простор во националните медиуми.“ – изјави Синиша Станковиќ, главен уредник на ЦИВИЛ Медиа.

Со овие сознанија и со краток документарен филм под наслов „Немам ни за леб“ во кој се објавуваат сведоштва за социјалните неправди од триесетина граѓанки и граѓани од повеќе градови во земјата, ФЕС и ЦИВИЛ ќе го одбележат овој ден и ќе се обидат на јавноста и на институциите да им го свртат вниманието кон очајната состојба во која се наоѓа огромен дел од населението на Република Македонија. Дл од филмот се и сценските настапи на Марија Грубор, Џабир Дерала и Петрит Сарачини.

Тимот на ЦИВИЛ Медиа кои го направија овој филм е составен од: Биљана Јордановска, Арбана Ќерими, Џабир Дерала и Синиша Станковиќ (уредник), додека за монтажата се погрижија Никола Угриновски и Владимир Перчуклиевски.

На денешна проекција и дискусија се поканети медиумите, граѓанските организации и заинтересираните граѓанки и граѓани. По настанот, филмот ќе биде објавен на новиот YouTube канал на ЦИВИЛ. На одбележувањето ќе говорат дел од автор(к)ите на проектот и Милан Живковиќ од ФЕС.

Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 20 февруари како Светскиот ден на социјална правда во 2007 година. ОН ги повикува земјите-членки да го посветат овој ден на промовирање на националните активности кои треба да се во согласност со целите на Светскиот самит за социјален развој, одржан во Копенхаген во 1995 година, како и други документи усвоени од Генералното собрание на ОН.

Одбележувањето на Светскиот ден на социјална правда треба да ги поддржи напорите на меѓународната заедница за искоренување на сиромаштијата, промовирање на целосно вработување и пристојна работа, родовата еднаквост и пристап до социјална благосостојба и правда за сите.

Tags: експлоатацијазлоупотребиизбориМакедонијаработнички правасоцијална правдаЦивилчовекови права
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ