• Latest

Нови кривични пријави за поранешниот битолски градоначалник и негови соработници

March 27, 2018

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нови кривични пријави за поранешниот битолски градоначалник и негови соработници

March 27, 2018 13:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Секторот за внатрешни работи-Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талевски (59) за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

Кривични пријави се поднесени и против тројца негови соработници  осомничени за „Несовесно работење во службата“: С.Б. (59), поранешен раководител на финансии и претседател на комисија за јавни набавки, М.К. (66.) правник во Oпштина Битола и член на Kомисијата за јавни набавки и С.П. (55), советник за образование во општина Битола и член на комисијата за јавни набавки.

Портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова на прес-конференција информираше дека првопријавениот Талевски по завршување на претходен договор со П.П..ДОО за јавна набавка на екстра лесно масло за греење, односно во период од 25 октомври 2012 до 19 декември 2012 година ги пречекорил своите службени овластувања и без да се потпише анекс-договор, дозволил да се извршат набавки на масло за греење од П. П. ДОО и Е.Б. ДООЕЛ.

Исто така, посочи Стаматова, на 27 декември 2016 година повикувајќи се на стар договор со П.П.ДОО со важност до 1 декември 2016 година, без да се потпише анекс-договор, дозволил да се изврши набавка на уште 9.324 литри масло за греење од истото правно лице.

„Второпријавениот како претседател, а трето и четвртопријавениот како членови на комисија за јавни набавки во Општина Битола, во постапка за набавка на екстра лесно масло за греење на 17 декември 2012 година несовесно постапиле при вршење на својата должност,  иако биле свесни дека Е.Б. ДООЕЛ не доставил и не поседува лиценца од Регулаторна комисија на Република Македонија за трговија со сурова нафта, нафтени деривати, био гориво и горива за транспорт, изготвиле одлука за најповолен понудувач, врз основа на која првопријавениот донел одлука за избор и потпишал договор“, рече Стаматова.

Со тоа, додаде портпаролката на СВР Битола, на Е.Б. ДООЕЛ му било овозможено да се стекне со противправна имотна корист. Со опишаните дејствија пријавените им овозможиле на двете фирми да стекнат противправна имотна корист од 44.870.702 или 729.604 евра.


Извор: МИА

Tags: БитолаВладимир Талескикривична пријава
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ