• Latest

Новинари од Западен Балкан со конекции со НВО Ајкф која доделувала грантови за промоција на руски наративи. Кој е од Македонија?

February 18, 2024

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Новинари од Западен Балкан со конекции со НВО Ајкф која доделувала грантови за промоција на руски наративи. Кој е од Македонија?

Според медиумите од Молдавија, германската НВО „Assoziation Journalisten im Kampf um den Frieden“ – (AJKF), „Асоцијација на новинари за борба за слобода“ – доделувала грантови за промоција на руски наративи во Молдавија.

February 18, 2024 22:11
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Медиумите ја посочуваат како клучен член на групата поврзана со АЈКФ извесна Светлана Андреевна Бојко – промотор на про-руските наративи во Молдавија. Во своето резиме, Бојко навела дека е проект менаџер за АЈКФ. Бојко го поддржа организирањето на сите настани поврзани со оваа организација, која ги промовирала тезите на Кремљ, пренесува Либертас.

Според истражувањето АЈКФ остварувала контакти со новинари од Црна Гора и Северна Македонија.

Во случакот со Црна Гора, соработник на АЈКФ е Гојко Раичевиќ уредник на веб порталот IN4S. Во 2016 година добил награда од АЈКФ (https://www.in4s.net/pariz-urednik-naseg-portala-gojko-raicevic-dobitnik-prestizne-novinarske-nagrade/) што му ја врачил десничарскиот екстремист Жан Мари Ле Пен. Во мај 2023 година Раичевиќ бил назначен за уредник на локалниот јавен радиодифузер Радио Телевизија Будва. Раичевиќ е чест гостин на собирите организирани од руската амбасада во Подгорица.

Истражувањето покажа дека Раичевиќ и неговиот портал IN4S се најсилните пропагатори на руската хибридна пропаганда во Црна Гора. Нивната медиумска вклученост во црковните протести директно влијаела на изборниот процес во 2020 година. Наративите и перцепцијата што ја изградија за оправданоста на руската агресија врз Украина придонесоа за растот на проруските чувства во земјата. Истовремено Раичевиќ преку неговиот медиум креирал негативна перцепција за стратешките определби на Црна Гора – НАТО/ЕУ, и ја промовирал руската надворешна политика.

Медиумските написи на Раичевиќ се искористени и за создавање меѓуетничка поларизација во Црна Гора, односно за вештачко создавање раздор меѓу етничките Црногорци и Срби, а исто така дел од неговите текстови се насочени кон создавање негативна перцепција за институциите во земјата – ситуација која е исклучиво во интерес на Русија.

Друг новинар од Балканот кој има врски со АЈКФ е Миленко Неделковски од Северна Македонија. На 22.05.2015 година, Неделковски присуствувал на собирот организиран од АЈКФ во Виена, Австрија (https://www.5-tv.ru/news/96780/). Според текстот на собирот се говорело за формирање на нов проект кој треба да биде насочен кон „борба против лагите во геополитичките процеси„.

Идентично како Раичевиќ, Неделковски во февруари 2016 година доби награда од АЈКФ (https://www.youtube.com/watch?v=OKvVUc6tO2I) што му ја врачил десниот екстремист Жан Мари Ле Пен.

Исто така, бил говорник (тема за миграција) на годишната конвенција на АЈКФ во февруари 2017 година во Париз, Франција.

Неделковски има аплицирано за три грантови во НВО АЈКФ со цел да обработи текстови/емисии со антизападна содржина и каде ќе промовира про руски наратив.

Неделковски е влијателен и контроверзен новинар со врски во политичкиот спектар во земјава. Во минатото известуваше од украинските региони Доњецк, Луганск и Крим за целите на руската пропаганда. Неговото ток-шоу „Миленко Неделковски шоу“ се емитува на Јутјуб и е платформа за ширење руски наративи за македонската јавност.

Како гости и коментатори во емисијата на Неделкоски биле Леонид Савин и Александар Дугин (пропагандисти на Кремљ и идеолози на доктрината Руски свет).

Негови блиски пријатели се Јордан Камчев и Сергеј Самсоненко – кои се на црната листа на САД поради злоупотреба на положбата, вклучување во коруптивни активности и спроведување на агенда на сметка на демократските институции.

Извор: Алмакос

Tags: АЈКФМиленко НеделковскиМолдавијапропагандаРуски наратив
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ