Њујорк Тајмс објави сателитски снимки од Буча, кои докажуваат дека цивили биле убиени за време на окупацијата од страна на руските војници.
Анализата на сликите потврдува дека телата лежат на улица повеќе од три недели. Почнаа да се појавуваат на улиците на градот кон средината на март. Во тоа време, Буча беше контролирана од руски напаѓачи.
Така, публикацијата го побива тврдењето на Русија дека масакрот во Буча се случил откако окупаторите го напуштиле градот.
Сателитските снимки обезбедени од Maxar Technologies покажуваат дека најмалку 11 тела се на улиците од 11 март, кога Русија го окупираше градот.
„На пример, на фотографијата од 2 април се гледаат многу тела на улицата Јаблунски. Најмалку 11 од овие тела лежат на улица од 11 март. Понатамошните анализи покажуваат дека телата останале на оваа позиција повеќе од три недели“, се вели во соопштението.
Во Русија, по објавувањето на снимката од Буча од страна на украинската војска и новинарите, рекоа дека наводно во Буча се појавиле тела на улиците по повлекувањето на нивните војници. Тие се обидуваат да убедат дека злосторствата на руската армија се инсценирани и лажни.
Ќе потсетиме дека американскиот претседател Џо Бајден убиствата на цивили во Буча за време на окупацијата ги нарече воено злосторство и повика да се организира трибунал. Украинското разузнавање објави список на руски окупатори кои учествувале во извршувањето на воените злосторства во Буча во регионот Киев.
превод Жорж Димовски