ЦИВИЛите во саботата, и покрај дождливото време ги ги продолжија своите теренски активности и ги посетија Новаци, Могила, Кривогаштани и Долнени.
Промовирајќи го проектот „Слободни медиуми за слободно општество“ посветен на политичкиот и општествениот дијалог, јакнењето на слободата на изразувањето и медиумската писменост меѓу граѓанките и граѓаните во овие општини, заеднички споделија свои ставови, мислења, како и предлози како до слободни медиуми.
Директната комуникација со граѓанките и граѓаните на инфо-штандовите, беше одлична можност да се информираат за и за останатите проектни активности, како и можноста за работен или хонорарен ангажман. На овој начин ЦИВИЛите ги мотивираа да известуваат за локалните проблеми и самите да преземат иницијатива.
ЦИВИЛ ќе продолжи и понатаму со теренските активности низ Македонија. Медиумите, активистите и претставниците на граѓанското општество се повикани да се запознаат со активностите на организацијата и активно да учествувааат во нив.
Б.Ј.