• Latest

ОБСЕ/ОДИХР: Сител, Алфа, Канал 5 за ВМРО-ДПМНЕ известуваа главно позитивно, а за СДСМ – главно негативно!

March 1, 2017

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ОБСЕ/ОДИХР: Сител, Алфа, Канал 5 за ВМРО-ДПМНЕ известуваа главно позитивно, а за СДСМ – главно негативно!

March 1, 2017 15:30
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Иако партиите генерално, имаа можност за слободно претставување на кампањите, се препорачува властите и политичките партии да преземат конкретни чекори за да не се врши притисок врз вработените од јавната администрација, врз политичките активисти и другите што ги посетуваат таквите настани, или пак, на самото гласање. Наводите за притисок треба темелно да бидат истражени“, се препораките што се наведени во извештајот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР  за предвремените парламентарните избори во Македонија на 11 декември минатата година.

За набљудувањето на начинот на кој медиумите известувале за кампањата, изборниот ден и постизборието, во извештајот се вели:

„Приватните телевизии Сител, Канал 5 и Алфа не обезбедија балансирано и непристрасно известување во своите вести, како што се покажа од квалитативните и квантитативните аспекти од известувањето. Трите канали беа фокусирани на двете главни коалиции, предводени од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои вкупно добија од 88 проценти од медиумското покривање на Алфа, до 93 проценти на Канал 5. Иако коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата предводена од СДСМ беа рамномерно покриени, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше претставена главно позитивно, додека коалицијата предводена од СДСМ беше често претставувана во негативно светло, особено на Сител. Сите три телевизии се фокусираа на пораките од кампањата на коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ. Сомнителни информации преземени од интернет повремено се пренесуваа како политички вести“.

Извештајот дава осврт и на настаните кои го одбележаа постизборниот период, со посебен акцент на протестите пред Државната изборна комисија.

„Постизборниот период беше одбележан со тензична атмосфера и остра реторика главно од ВМРО-ДПМНЕ. Откако Беса и СДСМ доставија приговори за нерегуларности на неколку избирачки места, ВМРО-ДПМНЕ повика на протести пред седиштето на Државната изборна комисија (ДИК). На 17 декември, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред насобраните луѓе го претстави партискиот проглас и ја обвини ДИК и неколку амбасадори за мешање во изборите. Следниот ден, се појавија некролози на сегашни и поранешни претставници на меѓународната дипломатска заедница во Скопје. Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР не е запознаена дали биле преземани какви било законски мерки против овие дејства“, стои во извештајот.

Tags: ДИКизбориизвештајМедиумиОДИХРосуда
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ