• Latest
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Обвинителство по теркот на Мицкоски

February 20, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Обвинителство по теркот на Мицкоски

February 20, 2026 14:32
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ТОП 5
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката Ленче Ристоска да биде елиминирана од трката за државен јавен обвинител не е обично кадровско прашање. Таа е симптом. Симптом на модел во кој политичката проценка ја надминува институционалната процедура.

Советот на јавни обвинители ја вброи Ристоска меѓу кандидатите што ги исполнуваат условите. Формалните критериуми беа исполнети. Професионалниот стаж и искуство – неспорни. Но уште пред да заврши процесот, премиерот Христијан Мицкоски јавно порача дека таа „ не е во игра“.

Тоа не е техничка изјава. Тоа е политичка порака.

Од институционална процедура до политичка проценка

Кога шефот на извршната власт однапред сигнализира кој кандидат не е прифатлив, процесот престанува да биде натпревар на програми и визии. Тој станува филтер на политичка подобност.

Ристоска, поранешна обвинителка во Специјално јавно обвинителство, е симболично поврзана со периодот на истраги против високи функционери. Тој период денес е предмет на жестока политичка ревизија. И токму тука лежи суштината на проблемот: дали нејзината елиминација е резултат на професионална анализа или на политичка меморија? Одговорот е јасен. Особено кога истата кандидатка води два предмети против ВМРO – ДПМНЕ.

Ристоска директно праша по кои критериуми е исклучена од процесот и нагласи дека изборот мора да се темели на квалитет, а не на перцепција или политичка неподобност. Нејзината порака беше јасна:

Ако однапред сте елиминирани без анализа на програмата и професионалниот интегритет, тогаш проблемот не е во кандидатот – туку во системот.

СЈО како алатка за ревизија

Во последните месеци владејачката ВМРО-ДПМНЕ повторно го отвори прашањето за легитимитетот на СЈО. Наместо фокус на идни реформи, дебатата се врати на симболиката на минатото.

СЈО, со сите свои слабости и контроверзии, беше формирано во време на длабока институционална криза. Но денес неговото наследство се користи како аргумент за дисквалификација на луѓе што биле дел од тој механизам. Наместо анализа на системските пропусти, сведоци сме на персонализирана политичка пресметка. СЈО потфрли, но какво општество требаше да ослободи од канџите на корупцијата и не беше чудно што на крајот се распадна скандалозно и коруптивно.

Но, кога минатото се користи како аргумент за елиминација, тогаш изборот на државен јавен обвинител не е  одлука за правен механизам во служба на граѓаните и државата туку партиски реваншизам од позиција на премиер.

Изборниот контекст и СЈО

Ова не се случува во политички вакуум. Северна Македонија беше во изборен циклус, од кој уште не е излезена, а довербата во институциите е иста ако не и полоша. Во таков контекст, контролата врз обвинителството има клучна улога.

Изборот на државен јавен обвинител не е административна позиција. Тоа е функција што ја дефинира борбата против корупцијата, гонењето на злоупотребите и сигналот што државата го испраќа кон граѓаните и меѓународните партнери.

Извештаите на Европска комисија со години укажуваат дека независноста на правосудството е клучен услов за напредок. Но независноста не се мери со декларации – туку со процеси.

Обвинителство по теркот на власта

Кога процесот почнува со политичка дисквалификација, исходот станува секундарен. А во Северна Македонија тоа не е исклучок, туку правило.

Обвинителството не смее да биде обликувано според теркот на било кој политички лидер – денес или утре. Зашто ако еднаш се воспостави принципот дека „не сте во игра“ поради политичка перцепција, тогаш секој следен обвинител ќе работи со свест дека кариерата му зависи од политичкиот контекст, а не од законот. А нашите обвинители одамна работат и калкулираат според политичката/партиската волја.

Во таа насока се поставува прашањето правдата дали некогаш била независна гранка на власта или отсекогаш продолжена рака на изборната математика.

И тука е вистинската дилема:

Има ли Северна Македонија можност некогаш да изгради систем што ќе биде посилен од политичарите — или секогаш ќе крои систем според партискиот терк?

Ако обвинителството се моделира по теркот на премиерот, тогаш не станува збор за избор на кандидат. Станува збор за избор на модел на држава. А Мицкоски моделира консензуално и преку дијалог, се разбира, сè додека тој, како премиер, го има последниот збор.

Биљана Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ