• Latest

Охрабрувања од ЕУ и САД, пад на оптимизот во Грција

March 4, 2018

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Охрабрувања од ЕУ и САД, пад на оптимизот во Грција

March 4, 2018 08:08
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

 Продолжува реториката на охрабрување за побрзо решевање на спорот за името, која доаѓа од ЕУ и САД, наспроти опаѓањето на оптимизмот во Грција.  

Престедателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, по враќањето од турнејата на Западниот Балкан, за Еуроњуз вчера изјави дека ЕУ не врши притисок врз Македонија и Грција за решавање на името.

–  Притисокот не е алатка која треба да ја употребуваме. Ги охрабруваме Грција и поранешната југословенска Република Македонија  да изнајдат решение за прашањето за името, ангажирани се во преговори, ние не треба да интервенираме, вели Јункер.

Тој одби да одговори и на прашањето на новинарката за тоа дали е оправдано барањето на Грција, Македонија да го менува Уставот. 

Џефри Пајат

Американскиот амбасадор во Грција Џефри Пајат говорејќи на панел дискусија во рамките на Економскиот форум во Делфи, Грција, рече дека Вашингтон е мошне заинтересиран да успее дипломатијата на релација Скопје – Атина што во овој момент е во тек за името. Според него, најдобриот начин да помогне е да не шпекулира премногу околу процесот и перспективите, јави дописникот на МИА од Атина.

– Она што би го кажал е дека е многу јасно за САД дека и двете страни, грчката влада и владата во Скопје ова го гледаат како момент за можност во смисла на тоа, ова прашање да го остават зад себе, рече американскиот амбасадор.

Поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани, пак, обраќајки се, исто така, на панел дискусија на Економскиот форум во Делфи, за перспективите за решавање на спорот за името изрази стравување дека ова е само уште една можност во синџирот можности што ги изгуби грчката надворешна политика.

Бакојани, која сега е пратеник од опозициската Нова демократија, упати остри критики до владата на Ципрас за тоа како управува со преговорите.

– Создаде проблем во внатрешноста на земјата, создаде проблем во преговорите, бидејќи на средина на преговорите се сетија на ерга омнес, на средина на преговорите се сетија дека за да биде ерга омнес потребна е некоја промена во Уставот на соседната земја итн., објасни поранешната шефица на грчката дипломатија, пренесе МИА.

Дора Бакојани

Таа рече и дека со актуелниот македонски премиер, преговорите се полесни отколку со претходниот. Смета дека справувањето со проблемот треба да започне од основата, која според неа е иредентизмот, бидејќи „историски, токму врз оваа иредентистичка логика се изгради целата оваа држава“.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГрцијаЕУимеМакедонијаохрабрувањеПреговориСАДспор
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ