• Latest

„Охрид СОС“: Идејата на ВМРО-ДПМНЕ е погубна за Охридското Езеро!

January 12, 2017
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Охрид СОС“: Идејата на ВМРО-ДПМНЕ е погубна за Охридското Езеро!

January 12, 2017 18:08
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Експресниот пат низ срцето на Галичица е најкриминалната идеја што од осамостојувањето на Македонија му се заканила на Националниот парк! Тој ‘проект’ е целосно неоправдан економски, зашто ќе го наруши природното движење на туристите кои сега се качуваат на планината, со што ќе создаде вештачка бариера и ќе ги одврати планинарите и туристите…“, вели Драгана Велковска од „Охрид СОС“ во разговор за ЦИВИЛ Медиа, и потенцира дека „идејата за марината, презентирана од ВМРО-ДПМНЕ е погубна за езеро, со вредности какви што има Охридското…!“„Проектот“ не само што ужасно ќе го отежни животот на мештаните (бидејќи по патот не смее да се движат пешаци и велосипедисти и нема предвидено поврзувања со локалните населени места), не само што ќе претставува уништување на природните вредности во паркот, кои го прават ова парче земја дел од Прекуграничниот биосферен резерват, туку, тој експресен пат ќе отвори Пандорина кутија за опстанокот на Националниот парк во генерална смисла, како и за извонредните вредности на регионот и силно ќе го загрози УНЕСКО-статусот, а можеби ќе доведе и до негово одземање“, вели Велковска, како реакција на последната прес-конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

Untitled

„Со изградбата на патот Охрид-Пештани ќе се придонесе за развојот на туризмот во охридскиот регион, но исто така, овој експресен пат е неопходен, бидејќи со неговата изградба, ќе им се олесни движењето на граѓаните кои живеат во пределот на Галичица, како во летниот, така и во зимскиот период“, изјави Љубен Арнаудов од ВМРО-ДПМНЕ, кој го најави новиот експресен пат Охрид-Пештани што ќе се гради паралелно со стариот пат во должина од 14,5 километри.

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ, најавија и изградба на марина во Охрид, „проект кој ќе се реализира од 2018-2020 година и ќе чини два милиона евра, а целта е да се задоволат потребите на сопствениците на пловни објекти во Охридското Езеро“.

16111708_10154451882348740_1129294505_n

За ова, Велковска од „Охрид СОС“ вели: „Идејата за изградба на ваков огромен капацитет од 400-500 везови, е преголем објект што ќе има негативни пoследици врз растителниот и животинскиот свет во непосредна близина, а ефектите ќе се одразат и во целина на Езерото. Закотвување на едно место на 400–500 пловни објекти од кои 95% се главно на погон со стари, вонбродски мотори на нафтени деривати  (бензин, дизел или мешавина), наголемо се користат, наместо да се забрануваат, за  употреба во Охридско Езеро, како во многу природни езера кои имаат и помала вредост од Охридското Езеро. Научните истражувања докажале дека еден литар нафта, трајно загадува илјадници литри вода, а колку литри нафта ќе се испуштаат во овие илјадници метри квадратни, колку што ќе зафаќа марината? Идејата за марината, презентирана од ВМРО-ДПМНЕ е погубна! На езеро со вредности какви што има Охридското, треба намалување и ограничување на моторниот сообраќај, а не поттикнување и зголемување!“

Како реакција на најавените проекти на ВМРО-ДПМНЕ, од СДСМ потсетуваат дека се работи за стари ветувања кои партијата ги ветува од 2013-та година.

„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, не им ја кажаа болната вистина на охриѓани – дека постоечките проекти за марината и за експресниот пат, имаат негативно влијание врз животната средина и дека никогаш нема да бидат реализирани! ВМРО-ДПМНЕ ја крие вистината од охриѓани дека со таквите проекти сериозно се загрозува нашето природно наследство – Студенчишкото блато и Галичица. Затоа, меѓународните финансиски институции одбиваат да ги финансираат ваквите штетни проекти на корумпираната власт, а Охрид годинава, ќе се најде на листата на загрозени подрачја што се под заштита на УНЕСКО. Подобро ќе беше пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид да ѝ објаснат на охридската јавност: зошто цели четири години не е реализирана ниту една од ветените капитални инвестици?“, се вели во соопштението на ОК на СДСМ од Охрид.

Марија Теговска

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ветувањеВМРО-ДПМНЕОхридОхрид SOSпроектСДСМУНЕСКО
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ