• Latest

Од воодушевување до жалење за одлуката на Трамп за Договорот со Иран

May 9, 2018
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Од воодушевување до жалење за одлуката на Трамп за Договорот со Иран

May 9, 2018 07:16
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека САД се повлекуваат од Договорот за иранската нуклеарна програма и најави возобновување на санкциите кон Иран, кои беа укинати согласно документот.

Трамп во обраќањето, што беше директно пренесувано на американските телевизии, нагласи дека санциите што ќе бидат воведени кон Иран ќе бидат од „највисок степен“, додавајќи дека со казнени мерки би можеле да бидат опфатени и други држави.

Американскиот претседател при тоа го обвини Иран за поддршка и спонзорирање на тероризмот и за предизвикување хаос на Блискиот Исток.

Тој оцени дека „иранскиот режим“ не се придржувал кон обврските предвидени со Договорот, поради што и решил САД да се повлечат од него.

– Нуклеарниот договор со Иран требаше да ги штити САД и нивните сојузници, но тој му овозможи да продолжи со збогатување на ураниум. Ниту една акција што ја презеде Иран не беше поопасна од неговите заложби за стекнување со нуклеарно оружје, додаде Трамп.

Израел

Прва реакција по објавувањето на одлуката на Трамп беше од Израел.

– Израел многу ја цени одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на САД од Договорот за иранската нуклеарна програма, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израелскиот министер за одбрана Авигдоре Либерман одлуката на Трамп ја нарече „храбро лидерство“ што ќе го урне иранскиот режим.

Додека иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Техеран ќе се придржува до Договорот за иранската нуклеарна програма и покрај повлекувањето на САД од мултилатералната спогодба.

Хасан Рохани (ЕПА)

 

– Ние сега наместо договор со шест држави, сега имаме договор со пет, истакна Рохани, додавајќи оти Иран „нема да му дозволи на Трамп да победи во оваа психолошка војна“.

Европска унија од своја страна најави единствен одговор на одлуката на Трамп за Договорот со Иран.

– Европската унија ќе одговори со „единиствен глас“ на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на САД од Договорот за иранската нуклеарна програма, истакна првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск.

Виската претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, пак, ја повика меѓународната заедница да се придржува кон Договорот и покрај одлуката на Трамп.

Таа при тоа изрази „посебна загриженост“ поради најавата на Трамп за воведување нови санкции.

Францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека Франција, Германија и Велика Британија жалат поради одлуката на САД да се повлечат од Договорот за иранскатра нуклеарна програма и најави дека Париз ќе работи на проширување на Договорот, кој ќе ги опфати нуклеарните активности на Иран, програмата за развој на балистички ракети и регионалната активност.

– Заедно ќе работиме на поширока рамка која ќе ја опфати нуклеарната активност на Иран, во периодот по 2025 година, балистичката активност и стабилноста на Блиски Исток, посебно во Сирија, во Јемен и во Ирак, напиша Макрон на Твитер.

Иран Саудиска Арабија

Додека регионалниот противник на Иран, Саудиска Арабија ја поздрави одлуката на Трамп за повлекување на САД од Договорот за иранската нуклеарна програма и да ги возобнови санкциите кон Техеран.

Официјален Ријад ја повика меѓународната заедница да заземе цврст и единствен став кон Иран.

– Иран ги искористи економските придобивки… и ги употреби за продолжување на своите дестабилизирачки активности во регионот, посебно преку развивање на балистички ракети, се посочува во соопштението на официјален Ријад.

Во меѓувреме, генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш изјави дека е многу загрижен поради одлуката на Трамп и упати апел до земјите потписнички на Договорот да се придржуваат до преземените обврски.

Антонио Гутереш (ЕПА)

– Од суштинско значење е сите грижи поврзани со примена на планот да бидат решени преку механизмот воспоставен со Заедничкиот сеопфатен акциски план. Прашањата што не се директно поврзани со Планот би требало да се решат без предрасуди за да се зачува Договорот и неговите достигнувања, посочи Гутереш.

Советникот на американскиот претседател за безбедност Џон Болтон најави дека Трамп денеска ќе има консултации со своите колеги од Велика Британија, Франција и Германија за следните чекори за Договорот за иранската нуклеарна програма.

Договорот за иранската нуклеарна програма во 2015 година го потпишаа Иран и петте постојани земји членки на Советот за безбедност на ОН – Велика Британија, Кина, Русија, САД и Франција плус Германија. Со Договорот, официјално наречен Заеднички сеопфатен акциски план, Иран се согласи на ограничување на својата нуклеарна програма во замена за укинување на меѓународните санкции кон земјата. (МИА)

Tags: Ираннуклеарен договородлукаповлекувањеСАДТрамп
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ