• Latest

Огромен револт меѓу граѓаните поради хаосот во Избирачкиот список

March 8, 2016
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Огромен револт меѓу граѓаните поради хаосот во Избирачкиот список

March 8, 2016 15:50
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода на својата мejл адреса, на Фејсбук профилот, но и по телефон, непрекинато добива пријави од граѓанки и граѓани за најразлични недоследности во Избирачкиот список. По објавувањето на апликацијата на страната на Државната изборна комисија – ДИК, секој граѓанин може да провери дали го има во Избирачкиот список и дали објавените податоци се точни.

Досега, повеќе од стотина граѓанки и граѓани се обратиле до ЦИВИЛ, како што тие велат, поради довербата која ја имаат во ЦИВИЛ, како и поради нашето долгогодишно искуство во набљудување на избори и објавување на сите нерегуларности кои се случуваа за време на изминатите избирачки процеси.

Последните случаи кои пристигнаа на адресата на ЦИВИЛ, се однесуваат на фиктивни гласачи, односно, на евидентирани лица кои не живеат на наведената адреса.

Лицето С. Г. од Струга, во телефонски разговор, ни објасни дека на адресата на која живее, според списокот, има пет лица кои никогаш не живееле таму.

Лицето Љ. Л. од Скопје, во ЦИВИЛ пријави дека по матичен број може да се најде на Избирачкиот список, но како гласач не постои на адресата на која живее.

Слика

Проблемите продолжуваат со улиците кои во изминатите неколку години добиле нови имиња. Улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“, во центарот на Скопје, е преименувана во „Кирил и Методиј“, но и покрај тоа, „Мито Хаџивасилев Јасмин“ е дел од списокот на улици во општина Центар. Но, само со еден единствен број, и покрај тоа што се работи за зграда! А, новото име на улицата, воопшто не постои во таа листа!

На списокото на улици во општина Центар, исто така, има проблем со постоење и на старите и на новите имиња на улиците. Така, улицата „Ленинова“ и покрај тоа што е преименувана во „Аминта Трети“, сé уште е дел од адресите во Избирачкиот список.

ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните да продолжат да ги пријавуваат неправилностите во Избирачкиот список, затоа што тоа е единствен начин да се овозможи вистинско пречистување на списокот на гласачи.

ЦИВИЛ,  преку своите проекти: “Слободни избори за слободни граѓан(к)и“, и “Напред!“, врши перманентен предизборен мониторинг и мобилизација на долгорочни и краткорочни набљудувачи. Последните информации кои ни пристигнуваат од сите страни на Македонија, за хаосот кој владее во Избирачкиот список, се најдобра илустрација за тоа во какви невозможни услови власта сака да спроведе избори на 5-ти јуни.

Tags: ДИКизбирачки списокизбориЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ