Слободата на медиумите во светот е намалена во текот на минатата година, а омразата кон новинарите се засилува во Европа и во САД, што е закана за демократијата, се наведува во годишниот извештај на невладината организација Репортери без граници.
Како што јавува МИА според Организацијата слободата на медиумките во 21 држава е класифицирана како „многу сериозна“.
Четири европски земји бележат најлоши резултати минатата година, додека САД бележат пад од две места и се на 45 место од 180 држави.
ЦИВИЛ неодамна го спроведе проектот „Од разбирање до одбрана“ кој се однесува на медиумите и медиумските слободи во земјата. ЦИВИЛ објави серија препораки произлезени од резултатите добиени од терен.
М. И.