• Latest

ОЈО почнала постапка против Чавков за нападот врз студентите?

October 26, 2017

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ОЈО почнала постапка против Чавков за нападот врз студентите?

October 26, 2017 15:22
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство конечно ја почнало постапката по кривичната пријава поднесена од Хелсиншкиот комитет, против поранешниот министер Митко Чавков, раководни лица во Министерството за внатрешни работи и припадници на Единицата за брзо распоредување, кои дента на изборите за претседател на Студентскиот парламент на универзитетот „Кирил и Методиј“ (СПУКМ), минатата година, насилно упаднаа во просториите на Студентскиот парламент и ги исфрлија насобраните студенти.

Веста беше објавена во Фејсбук профилот на Ивана Туфегџиќ, пратеничка во Собранието на Република Македонија и поранешна членка на Студентскиот пленум.

Туфегџиќ даде телефонска изјава за ЦИВИЛ Медиа, во која истакна дека утрово ѝ пристигнала покана од  ОЈО, да биде сведок во постапката, по повод кривична пријава која Хелсиншкиот комитет ја поднел против ексминистерот Митко Чавков и службени, униформирани полициски лица и раководители на Единицата за брзо распоредување, поради полициската интервенција на денот на студентските избори, во просториите на Студентскиот парламент.

„Ова кривична пријава е поднесена минатата година, меѓутоа, до денес немавме никаков одговор од ОЈО, во однос на овој настан. Со оглед на тоа дека сум повикана како сведок верувам дека е почната постапката во ОЈО“, истакна Туфекџиќ за ЦИВИЛ Медиа.

На социјалните мрежи беа објавени информации дека ОЈО како сведоци во постапката повикало и други учесници на настаните, членови на Студентскиот пленум.

Фари Хисени

Tags: Ивана ТуфегџиќМитко ЧавковОЈОСПУКМстудентиХелсиншки Комитет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ