• Latest

Орданоски: Политичка криза и предвремени избори

June 5, 2018
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Орданоски: Политичка криза и предвремени избори

June 5, 2018 17:53
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сашо Орданоски, политички аналитичар и член на Експертскиот борд на ЦИВИЛ, на денешниот јавен настан „Аларм: Слободни избори, услов за кој (не) се преговара“ , своите ставови ги изрази низ призма на можноста за предвремени парламентарни избори во Македонија.

Потсетувајќи дека Македонија како независна држава досега имала 21 изборни процеси, а во последните десет години предвремените избори се повеќе, како по некое правило, отколу редовните избори, Орданоски ги истакна причините за ваквата зачестена појава на политичката сцена.

„Предвремените избори произлегуваат најпрвин од тоа дека Македонија во политичка смисла е поделена земја, прилично рамноправно и тоа од почетокот на нејзината самостојност. Вие имате еден голем камп во општеството кој се залага за мултиетничка демократија и сите вредности кои таа ги промовира и еден камп којшто се залага за национална држава на Македонците. Овој судир трае 27 години и привлекува, но и одбива еден дел од гласачката база во Македонија во зависност од настание што се случуваат во државата… “, изјави Орданоски.

Во последните 27 според Орадновски немало стабилен период на политичката сцена повеќе од 2 години за да може гласачкото тело и цели изборни мандати да се сталожат, туку секогаш биле резултат на „потреси“, на силни политички превирања и безбедносни случувања околу и во самата држава.

„Изборниот модел во Македонија е таков што ги промовира големите коалиции и им одговара на големите партии. Не чудно што денеска никој не сака да разговара за една изборна единица или за отворени листи. На големите партии не им одговара да ја испуштат контролата и влијанието врз помалите партии со коишто излегуваат во големи коалиции на изборите и така влечат гласови од разно разни сектори во општеството. И на малите партии, исто така, најчесто не им одговара самите да се пробаат на избори, бидејќи на повеќето од нив овој начин на калкулации во договорите со големите партии успеваат да обезбедат некакви преодни места за време на избори, а потоа, секако и директорски позиции и други функции во општеството. Ако победи нивната коалиција ги добиваат на „тацна“. Притоа имаме и партии кои независно кој е на власт, секогаш одат со власта, дури и независно на чија страна трчале на претходните избори“, појасни Орданоски.

Но, една година по падот на Груевски и промена на власта, според Орданоски нè исправа пред неколку фактори што влијаат на барањето на предвремени избори. Еден од факторите е решавањето на спорот за името со Грција. Другиот фактор е обемната, иако падната, како што вели Орданоски, елита заедно со Груевски, на кои им се започнати големи и тешки судења за тешки криминали, а тоа води до заклучокот дека многу им одговоара да се создаде криза во државата. На тој начин, смета Орадноски ќе направат политичка дестабилизација што ќе придонесе да преиспитување, во нивна корист, на правдата.

„Нема да ме зачуди развојот на настаните и нив да ги изненади па да има избори дури и оваа година, а не идната година… Од друга страна, мислам дека опозиционата партија се спрема за голема операција за дескредитирање, пред сè, на господинот Заев, а потоа и на неговата Влада, на истиот начин на кој тие сметаат дека тој нив ги сруши. Нивните инсталации во општеството се уште се крајно функционални. Тие по мое уверување и информации имаат една цела служба што работи на прибирање на податоци. Многу е деликатна и судбината на прислушуваните разговори, бидејќи тоа што се предаде во СЈО не е сè… “, изјави Орданоски.

Постои можност од есен опозицијата да извади компромитирачки материјали за сегашната власт, предвидува Орданоски, со што ќе се нападне пред сè Заев.

„Ние влегуваме по летото во еден нестабилен политички период, како што сме навикнале во минатото. Големо прашање е како ќе се постави меѓународната заедница кон тоа, бидејќи во Македонија таа е внатрешен политички фактор. Во зависност од разрешување на спорот со името ќе видиме кој ќе биде нивниот став во понатамошната стабилизација на државата. Големо прашање и како ќе се постави и она што го нарекуваме Исток, пред сè Русија, но и Турција, а и неколку од соседите. Мислам дека сите овие имаат интерес, поголем или помал да ја држат Македонија во една релативно нестабилна состојба или да ги насочуваат политиките во државата во насоки што се од нивен интерес“, заклучи Орданоски.

Според неговата изјава, Македонија ја очекува жестока политичка атмосфера, која во земјата, секогаш првин негативно влијае на економската стабилност.

Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски

Tags: избориСашо ОрданоскиЦивил
Share35TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ