• Latest

Оска Будимпешта – Белград – Скопје!

November 22, 2018
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Оска Будимпешта – Белград – Скопје!

November 22, 2018 12:03
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Откако полека се крева маглата која се беше надвиснала повеќе од потребното време, а некој многу добро ја искористи нејзината густина и најде можност за да се сокрие од сите нас, можам само да констатирам дека ни се разбистри и се расчисти небото над нас

Владимир Трајкоски

Сите перипетии во изминатите неколку денови како да се изрежирани од најдобрите светски режисери, специјализирани за крими-шпионски трилери, со индиција за блокбастер и полнење на киносалите и на нивните благајни. Дотераното до перфекција и до најситен детал изрежирано бекство, за кое, верувајте ми, треба повеќе време за изработка на план, организација, инфраструктура, како и многу пари, моќни пријатели на влијателни места и секако, клучот од сѐ – точниот момент.

Сето ова се изреализира до степен на перфекција. Бегалецот стапи на сцена и остроумно, харизматично и решително, во нему својствен стил, ни ја намести таблата со шаховски фигури во играта во која тој го имаше првиот потег, бидејќи играше со бели фигури. И така, со нас – затечени, Мајсторот на занаетот на малата ложа, го искористи новиот бран што владее во нашето соседство и заедно со мајсторите на малку поголемата ложа од Белград и од Будимпешта, ни дадоа шах -мат.

Мајсторите – Орбан (кој беше жестоко критикуван во Европскиот парламент за неговиот однос кон бегалците и беше потсетен како тој самиот станал она што е сега, за сепак, да изгради Будимпештски ѕид како брана на „чистокрвна Европа“) и неговиот јужен колега Вучиќ, (носачот на гајби пиво, кој ја вооружи својата армија со нови руски „мигови„ и противвоздушни орудија, и на голема воена вежба демонстрираше моќ и играше казачок за инает на западноевропските држави, се разбира, пред се, затоа што некој се шета со глисери на Газиводе), му ги наредија елементите во сложувалката на мајсторот за бегство. Оној, кој цела деценија наназад им влегуваше под кожа и ги обезбеди како пријателчиња, за сега да ги изманипулира…

Асанж виси по балкони, а инкогнито гостинот се шета сам по улиците на Будим или на Пешта. Многу иритантно е Мајсторот да не остави порака, или пак, да не прати абер, па замислете, тој и тоа го направи: им порача – чардаш…

Со новата оска на видикот, за разоткривање на повеќегодишниот криминал и корупција во рамките на проектот за декриминализација и за разоружување на еден поранешен систем, веројатно ќе треба долго време. За виновниците на децениското опустошување да бидат зад решетки. И верувам дека во меѓувреме, барем ќе се обидеме да го промениме системот, затоа што тоа народот го заслужува. Јатаците и послушниците, полека но сигурно одат на „свирење клавир“, а верувам дека и Големиот маестро, кога ќе го почне концертот, ќе биде во новиот оддел за снимање на најдобриот звук, во мир, тишина и спокој, сѐ со цел да ја слуша музиката со внимание и без вознемирување.

А кога ќе шета по дворот, ќе црпи сила и ноти за новата опера – Ѕид.

Tags: бегалецБелградБудимпештаВучиќкриминалОрбаноскаСКОПЈЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ