• Latest
Џабир Дерала

Ослободени од незнаењето

February 7, 2022
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Моќ, сила, манипулација и Овертоновиот прозорец

May 18, 2026

Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

May 18, 2026

Изборната катаклизма на Орбан и лекциите за отпорноста на авторитаризмот и олигархијата

May 17, 2026
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Време за будност – авторитарните структури брзо се адаптираат

May 17, 2026
Константин Егерт (лево) и Игор Јаковенко (фото извор: Јутуб снимка - скриншот)

Игор Јаковенко, руски социолог, новинар и поранешен пратеник: Путинизмот е руска верзија на фашизмот, победата на Украина ќе го забрза распадот на империјата

May 17, 2026

Изоставени од „точката од која нема враќање“: ЦИВИЛ бара одговори од Северна Македонија, Албанија и Бугарија за „апстиненцијата“ од потпишувањето на одлуката за Трибуналот за руското злосторство агресија

May 16, 2026

Секоја чест, градоначалниче

May 16, 2026

Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

May 16, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

May 16, 2026

36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

May 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

    Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Моќ, сила, манипулација и Овертоновиот прозорец

    Изборната катаклизма на Орбан и лекциите за отпорноста на авторитаризмот и олигархијата

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Време за будност – авторитарните структури брзо се адаптираат

    Изоставени од „точката од која нема враќање“: ЦИВИЛ бара одговори од Северна Македонија, Албанија и Бугарија за „апстиненцијата“ од потпишувањето на одлуката за Трибуналот за руското злосторство агресија

    Секоја чест, градоначалниче

    Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

    Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    И на пазарот има мода

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Ослободени од незнаењето

February 7, 2022 09:30
in КОМПАС, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Во култниот филм „Матрикс“ (прв дел, 1999), Морфеус (Лоренс Фишбрн) му вели на Нео (Кијану Ривс):

„Матрицата е систем, Нео. Тој систем е нашиот непријател. Но, кога си внатре и гледаш наоколу, што гледаш? Бизнисмени, наставници, адвокати, столари. Самиот ум на луѓето што се обидуваме да ги спасиме. Но, додека не го сториме тоа, овие луѓе сè уште се дел од тој систем и тоа ги прави наш непријател. Мора да разбереш, повеќето од овие луѓе не се подготвени да се исклучат од матрицата. А многумина од нив се толку зависни, толку безнадежно зависни од системот, што ќе се борат да го заштитат. (Морфеус во „Матрикс“, 1999, видео линк)

Не мора посебно да се објаснува дека, за да се приклучат луѓето на „матрицата“, не е потребно да им се забие кабел во тилот. „Приклучокот“ го обезбедува пропагандата. Долготрајна, не премногу видлива и осмислена на тој начин што изгледа логично и како да произлегува од сопствените мисли и сознанија на луѓето (жртвите на пропагандата).

Пропагандата создава привид на „ослободување од незнаењето“. И кога луѓето ќе го доживеат „откровението“, пропагандата им сервира страв, несигурност, нагон за одбрана.

„Вистината ќе ве ослободи“ – им рече Исус на своите апостоли. (Јован, 8:31-32)

Така „ослободени од незнаењето“, луѓето се спремни да се претворат во (онлајн) ѕверови или барем во тотални тапоглавци.

Поздрав од гробот…

Една порака, испратена во инбоксот на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ на 13 јануари, годинава, а на која ми го сврте вниманието еден од моите колеги на 6 февруари, гласи вака (редигирана е, да го заштитам идентитетот на напаѓачот):

„Ме блокираше? Да, кога не можеш да се соочиш со вистината, најкукавички начин е блок. А многу добро знам кој стои зад тоа име. Поздрав од гробот на *** до Џабир.“

Така е тоа. До гробови стигнува работата. И зошто? Затоа што модераторот на онлајн содржините (бил престрог или не), го блокирал од една Фејсбук страница! Небаре трагедија, акт на војна…

Ова е само уште еден од безбројните примери за тоа како се трансформирани (изобличени) луѓето. Најчесто се целосно или барем делумно неинформирани, не знаат како функционираат нештата, а „некој“ ги уверил дека знаат и вселенски брод да направат… Но тоа не им пречи да создадат или да прифатат дезинформација или предрасуда во која се убедени до таа мерка што и гробови спомнуваат, колнат и проколнуваат. И – како побеснет воз, излетуваат од шините и паѓаат во амбисот на омразата.

Корисни идиоти, жртви на пропагандата

Не е ни чудо што луѓето станаа лесни жртви на црната пропаганда. Никогаш порано не било поедноставно да се навлечат луѓето на црнила и параноја. Луѓето се исплашени и недоверливи, а и не сакаат да мислат. Како да се одвоени од себеси.

Затоа, не е тешко да се „регрутираат“ за да ја играат улогата на безимени и бесплатни курири на незнаењето и деструкцијата. Своевремено, советската пропаганда (веројатно Ленин) ги нарече „корисни идиоти“.

Обврска на модераторот е да брише и блокира говор на омраза, вулгарности и лични напади

Да објаснам низ пример. На Фејсбук страницата на ЦИВИЛ најчесто се споделуваат содржините што се создадени од тимот, информации и најави за настани и активности на организацијата. Исто така, се споделуваат и линкови до колумни од авторки и автори чии ставови не нужно ги одразуваат позициите на Организацијата. И толку. Ништо спектакуларно, но сепак доволно добро и потребно за речиси 40.000 луѓе што во моментов ја следат Фејсбук страницата на ЦИВИЛ.

Ние имаме обврска да бидеме модератори на содржините, но и на коментарите. Дури и да сакаме, не смееме да дозволиме говор на омраза, дискредитации и лични напади. И не е ниту кукавичлук, ниту храброст, туку обврска да се бришат коментари и да се блокираат корисниците што користат со таков говор.

Искрено, јас лично многу ретко успевам да се вклучам во таа комуникација. Верувам дека моите колешки и колеги добро го прават тоа. Никој не е безгрешен, но затоа постојат прашањата, пораките и поплаките. Со добронамерен разговор, сѐ може да се постигне. Но тоа не е целта на „матрицата“. Напротив!

„Коритце“ со писма

Во мојата канцеларија имам едно „коритце“ каде што чувам писма пристигнати по пошта. Повеќето се убави, со прекрасни зборови, а некои се со забелешки и добронамерни укажувања од кои учам како да бидам подобар во тоа што го правам.

Но има и такви што не морам да ги прочитам до крај, бидејќи веќе по првите две-три реченици знам како изгледа остатокот од писмото. Исто како и пораките во инбокс. Дел од „комплиментите“ што ги имам добиено во последниве 15 години се:

„Предавник, платеник, шпијун (американски, германски, грчки, еднаш дури и српски), шиптар, великоалбански националист, соросоид, педер, курвар, наркоман, пијаница, комуњара, нацист, балист, усташ, агент на ЦИА, БНД, Мосад…“

Силните „јунаци“ ќе ме колеа, бесеа, стрелаа…

За моја среќа, а за нивна несреќа, нивниот број е неспоредливо помал (и постојано опаѓа) од оние што ми упатуваат изрази на поддршка и одобрување. Секојдневно паѓаат комплименти на моја и на сметка на моите другарки и другари (некои се и претерани). Од скромност, нема да ги споделам овде.

Главна поента

Но да не се оддалечиме од главната поента. Ако направиме парафраза на ставот на Морфеус, таа би гласела вака:

Повеќето од овие луѓе не се подготвени да се исклучат од матрицата. Тие стануваат толку безнадежно зависни од матрицата на пропагандата, што и по цена на сопствено понижување ќе се борат да ја заштитат.

Да. Тие самите стануваат месо на пропагандата. Ги обзема тоа силно чувство на вклученост, припадност, близина… Оттаму сите тие гробови, клетви и сеништа, примитивен фолклор измешан со злокобниот „шарм“ на тоталитаризмот.

Ништо не знаат. Ништо не прашуваат, не сакаат ни да дознаат, туку само следат предрасуди што им ги инјектира пропагандата. И тие се жртви. Навистина, патот на злобата, пакоста и омразата е личен избор, но мајсторите на манипулациите знаат како да ги убедат луѓето дека направиле добар избор. И на врвот на светот да ги ставиш, пак ќе бидат на дното, во калта, ќе се удават во сопствената омраза, алчност и злоба. За да ја заштитат матрицата.

Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот. 
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ