ЦИВИЛ продолжува со активностите за граѓанска едукација за борба против дезинформациите во неколку локации во Скопје.
Активист(к)ите на ЦИВИЛ дистрибуираа едукативна брошура со наслов „Ослободи го умот“ која содржи основни информации за поимите поврзани со дезинформациите, пропагандата и хибридните закани, кај Т.Ц „Бисер“, „Скопјанка“, во паркот „Јане Сандански“ во Аеродром, кај „Соборен Храм“, Т.Ц. „Беверли Хилс“, во Порта Влае и кај Скопје Сити мол.
Брошурата може да послужи како одличен водич во препозанавањето и справувањето со дезинформациите и другите штетни влијанија од пропагандата и хибридните закани во јавната комуникација.
Брошурите се на македонски, албански и ромски и објавени се, освен во печатена, и во електронски формат во Дигиталната библиотека на ЦИВИЛ.