Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи нема да присуствува на конференцијата во Бања Лука, Босна и Херцеговина за Западен Балкан, бидејќи Косово не е покането, потврдуваат од СЕП.
Од Владата посочуваат дека се работи за лична процена на вицепремиерот.
– Вицепремиерот Бујар Османи има донесено сопствена процена да не учестува на конференцијата посветена на Западен Балкан. За ова прашање не е разговарано на ниво на Влада на РМ и се работи за проценка на вицепремиерот, велат од Владата на Република Македонија.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.