• Latest

Османи – Рау: Северна Македонија ќе остане да биде чувар на заложбите на ОБСЕ

January 17, 2023

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи – Рау: Северна Македонија ќе остане да биде чувар на заложбите на ОБСЕ

January 17, 2023 16:35
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, во Полска оствари средба со Збигњев Рау, министер за надворешни работи и претходен претседавач со ОБСЕ за 2022 година.

 На средбата, како што соопшти МНР, Османи уште еднаш оддаде признание за ангажманот и напорите на полското претседавање со ОБСЕ во 2022 година, и тоа во исклучително тешки услови во ОБСЕ регионот, а воедно и изрази благодарност за поддршката од Полска за претседавањето со ОБСЕ на Северна Македонија.

 „Како дел од тројката Претседавачи, очекувам да продолжи блиската соработка со цел заеднички да ги адресираме предизвиците на Организацијата; да обезбедиме ефикасна функционалност и присуство на ОБСЕ на терен, меѓу луѓето на кои им е потребна нашата помош во обезбедување стабилна и безбедна околина во која живеат“, потенцираше Османи на средбата.

Фото/ ивор од Фејбук профилот на Бујар Османи

 Пренесувајќи ги впечатоците од посетата на Украина, особено посетата на загрозените подрачја, Министрите заеднички ја повторија осудата за агресијата на Руската Федерација против Украина, потенцирајќи дека истата претставува најтежок чин на кршење на меѓународното право и принципите и обврските на ОБСЕ.

„Колку и да се обесхрабрувачки најновите случувања на теренот, треба да продолжиме упорно да работиме на стопирање на агресијата, на повлекување на руските воени сили од Украина и да обезбедиме простор за дипломатско решение кое ќе обезбеди стабилен и долгорочен мир“, потенцираше Османи.

 Тој, како што додаваат од МНР, потсети и дека ОБСЕ може да понуди ресурси и механизми за изнаоѓање излез од ситуацијата, како и за ублажување на последиците од војната, потенцирајќи дека сите страни треба да целосно да го искористат потенцијалот на ОБСЕ.


 „Северна Македонија ќе остане да биде гарантор и чувар на принципите и заложбите на ОБСЕ и само со почитување на истите, може да се продолжи со решавање на војната, колку што е можно поскоро, со цел да се намалат страдањата на луѓето. Водени од нашето мото ‘За луѓето се работи’, наш фокус ќе биде да им се помогне на луѓето, и тоа не само во Украина, што е од најголема важност,  туку и на другите региони кои се опфатени со влијание од продолжени конфликти“, заклучи Османи.

 Министерот за ндворешни работи на Полска беше досегашен Претседавач со ОБСЕ во 2022 година, и според правилата на Организацијата во 2023 година ќе претседава со Групата за соработка на ОБСЕ со азиските партнери и воедно дел од Тројката претседавачи.

Tags: Бујар ОсманиМНРОБСЕПолска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ