• Latest
Фото: МИА

Османи: Северна Македонија како претседавач со ОБСЕ одигра клучна улога на меѓународната политичка сцена

November 24, 2023

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи: Северна Македонија како претседавач со ОБСЕ одигра клучна улога на меѓународната политичка сцена

November 24, 2023 10:40
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија влегува во финалето на Претседавањето со ОБСЕ во 2023 година.

Во изминатата година, но и претходните година и пол, земјата интензивно се подготвуваше за претседавањето и беа вложени големи напори да бидеме на висината на задачата,  вели во видео пораката шефот на дипломатијата и претседавач со ОБСЕ Бујар Османи.

Се поставивме како Претседателство фокусирано на луѓето, затоа што во свет во превирања, потребите и барањата на луѓето секогаш се на прво место. Нивната безбедност секогаш треба да биде во центарот на напорите на сите политички лидери. Пристапот на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ беше повеќеслоен и фокусиран на: јасна посветеност кон луѓето од Украина и другите региони погодени од конфликти и поддршка на засегнатото население и на институциите, работата на теренските операции на ОБСЕ и нивна поддршка да продолжат да придонесуваат за подобрување на животот на луѓето и промоција на капацитетите и алатките на ОБСЕ како единствена платформа за дијалог, соопшти МНР.

Во овие напори,  министерот Османи оствари 12 посети од негова страна како претседавач на теренските операции на ОБСЕ во Украина, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Молдавија, Грузија, Азербејџан, Ерменија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Казахстан, Узбекистан и во Туркменистан.

-Додека приоритет ѝ беше даден на Украина и на решавањето на последиците од руската воена агресија, ние имавме за цел да ја одржиме доследноста на нашите принципи низ целиот регион на ОБСЕ, со посебен фокус на долготрајните конфликти, зголемените тензии и нивните последици врз луѓето, како и ставање на располагање на алатките на ОБСЕ на оние кои имаат потреба од нив, вели Османи.

Покрај теренските посети, беа одржани и голем број конференции посветени на темите истакнати како приоритети во Програмата на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ за адресирање на анти-семитизмот, економските и климатските предизвици во регионот на ОБСЕ, родова еднаквост, човекови права, младите и нивната иднина и други теми од клучно значење за Организацијата и земјите-учеснички.

За пофокусиран пристап во адресирањето на овие прашања, Османи како претседавач назначи и свои Специјални претставници за млади, граѓанско општество и за климатски промени чија цел, беше да се интегрираат различни перспективи кои ќе служат како извор на различни пристапи, кои би можеле само да придонесат за добро, одговорно владеење и севкупен општествен напредок за доброто на луѓето…

-Во текот на изминатата година на Претседавање со ОБСЕ, Северна Македонија цврсто ги почитуваше принципите и заложбите на ОБСЕ се со цел како земја да дадеме придонес кон мирот и безбедноста и преку нашето автентично искуство низ децениите да дадеме помош и поддршка на оние на кои им е најпотребно посредување и разбирање во решавањето на нивните проблеми, подвлекува во видео-пораката шефот на дипломатијата и претседавач на ОБСЕ Бујар Османи.

Северна Македонија на 1 јануари 2023 година од Полска го презеде претседавањето со ОБСЕ -најголемата меѓувладина регионална безбедносна организација која брои 57 земји членки како и 11 земји партнери од Медитеранот и Азија. За следната 2024 година се уште нема консензус меѓу членките кој ќе ја предводи организацијата

Tags: Бујар ОсманиОБСЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ