Министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој заедно со премиерот Димитар Ковачевски и Вице-премиерот за европски прашања Бојан Маричиќ присуствуваше на билатералната средба што се одржа пред почетокот на Бледскиот стратешки форум, во објава на Фејсбук напиша дека имале продуктивни разговори со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Продуктивни разговори со Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел заедно со Премиерот, Димитар Ковачевски и Вице-премиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на маргини на Бледскиот стратешки форум
Во фокусот: преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија, европската перспектива на земјите од Западен Балкан и регионалната соработка.Владата останува максимално посветена во реализација на стратешката цел:Северна Македонија полноправна членка на ЕУ до 2030 година, за стабилна и просперитетна иднина на нашите граѓани.
Унијата наш недвосмислен партнер во реализација на домашната реформска агенда, напиша Османи.
М. Д.