• Latest

Јовановиќ: Идните креатори на економските политики да бидат на страната на обесправените!

May 25, 2017

Македонската психолошка опседнатост со Албанците

April 15, 2026
Андриј Сибига

Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

April 15, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

April 15, 2026

Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

April 15, 2026

Кој со Орбан тикви садел…

April 15, 2026
Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

April 15, 2026
Народно собрание на Бугарија (фото: Nikolai Karaneschev, CC BY 3.0)

Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

April 14, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

April 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

    🔴 ОРБАН ПАДНА: КРАЈ НА ЕДНА ЕРА

    95 наспроти 11: Драматичен пресврт во Унгарија – ТИСА доминира во изборните единици

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Кој со Орбан тикви садел…

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

    Орбан падна. Кој е следен?

    ЧУВАРИТЕ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (3): Ги испука ли Фидес сите куршуми?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ПОЛИТИКА

Јовановиќ: Идните креатори на економските политики да бидат на страната на обесправените!

May 25, 2017 14:19
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Не смее да ни се повтори општество на слепи послушници! Идните кадри треба да бидат луѓе со став, што знаат да се спротивстават, што не прават компромиси со своите принципи“, дециден е економскиот експерт, Бранимир Јовановиќ, којшто во интервју за ЦИВИЛ Медиа лоцира елементи на неолиберализмот во економските политики на новата влада, ако кадрите мериторни за ресорите економија и финансии, доаѓаат од бизнис секторот.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали министрите за финансии и економија во идниот владин состав, коишто ќе ги постават контурите на новата македонска економија, треба да бидат партиски или стручни кадри?Дали вицепремиерот задолжен економија во новата влада, треба да биде од редовите на стопанските комори во Македонија?  

ЈОВАНОВИЌ: Секако дека треба да бидат стручни кадри, при што е небитно дали ќе бидат членови на некоја од партиите од парламентарното мнозинство или не. Но, уште побитно од самата стручност е нивната идеолошка ориентираност и нивниот личен интегритет. Да бидеме искрени, и Никола Груевски, кога дојде на власт, постави стручни кадри, како носители на економските политики. И Трајко Славески и Зоран Ставрески важеа за добри економисти. Проблемот со нив беше нивната идеологија, односно нивната верба во „пазарниот фундаментализам“, според кој, невидливата рака на пазарот – води до развој. Таа идеологија резултираше со про-бизнис политики, односно, со кратење на даноците за побогатите, приватизирање на јавните добра и услуги, кратење на правата на работниците… Ефектите од тие политики во Македонија се повеќе од јасни денес – рекордна сиромаштија во Европа, рекордна социјална раслоеност, највисока смртност на работници, најлошо здравство, најлошо образование… Затоа, луѓето што ќе ги водат економските политики во новата влада, мора да бидат со поинакви убедувања, односно мора да бидат на страна на обесправените и слабите, а не на моќните и богатите!

Другиот проблем со нив, односно со Ставрески, зашто Славески навреме се повлече, беше тоа што, тој целосно се стави во служба на „режимот“, иако, како што слушнавме во „бомбите“, бил свесен за тоа дека се прават валкани работи. Тој недостаток од личен интегритет, тоа такво виткање на рбетот, таа неспособност да се каже „НЕ“, тоа отсуство на храброст да се повлечеш, кога не се согласуваш со нешто, креира општество на слепи послушници и не смее да ни се повтори! Новите луѓе мора да бидат силни карактери, лица со свој став, лица што знаат да се спротивстават, лица што не прават компромиси со нивните основни принципи.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали со поставување кадар од бизнис-ресорот, не се јакнат неолибералните политики, во време кога животниот стандард на еден просечен македонски работник не му овозможува задоволување на елементарните животни потреби? 

ЈОВАНОВИЌ: Апсолутно се јакнат неолибералните политики со поставувањето на претставник од бизнис заедницата за вицепремиер. Вицепремиерот е практично втор човек во владата, а добро е познато колкава моќ има владата кај нас. Со ваквиот чин се застанува многу јасно на страната на крупниот капитал, наместо на страната на работниците, што е многу проблематично за една социјалдемократска влада. И ова не е само симболична работа, туку е и многу конкретна. Запрашајте се – како би реагирала бизнис заедницата на мерки како зголемување на минималната плата, покачување на работничките права, воведување на прогресивен данок, што сите се наведени во програмата на СДСМ? Сите тие мерки практично вршат редистрибуција од бизнисмените кон работниците. Како може да се очекува, тие да дозволат да се воведат такви мерки? Тие ќе се обидат на сите начини да ги блокираат овие мерки, а од позиција на вицепремиер, ќе имаат многу такви начини.

Исто така, познато е дека вакво нешто се случи кога СДСМ беше на власт последниот пат, со Минчо Јорданов и со Хари Костов. Познато е дека тие владееја катастрофално. Познато е и дека нивното катастрофално владеење го донесе Груевски на власт. Познато е и кои се последиците од 11-годишното владеење на Груевски. Се поставува прашањето – зарем луѓето од СДСМ не извлекоа поуки од тоа искуство? Зарем не ги плаши можноста повторно да завршат катастрофално и повторно да бидат наследени од некој нов Груевски?

ЦИВИЛ МЕДИА: Во кој правец треба да се движи македонската економија? 

ЈОВАНОВИЌ: Во спротивен правец од оној, во којшто се движеше изминатите 26 години, а особено последните 11 години. Сите овие 26 години имаме про-бизнис влади, но сепак, про-бизнис ориентацијата беше особено изразена во времето на Груевски. Груевски постојано се фалеше дека ја искачил Македонија на 10. место во светот во „Дуинг Бизнис“. Груевски ја рекламираше Македонија по разни светски медиуми како земја со најевтина работна сила во Европа. Груевски се гордееше со тоа што имаме најниски даноци во Европа, без воопшто да каже дека тоа, во исто време, значи дека нема да имаме пари за социјални намени, за образование, за здравство… Груевски, паралелно со тоа што не издвојуваше пари за здравство, ги охрабруваше неговите бизнис-партнери да отвораат приватни болници и да го осиромашуваат народот уште повеќе со тоа. Груевски градеше споменици и барокни фасади, наместо да вложува во инфраструктура. Груевски им даваше секакви привилегии на странските инвеститори, а воопшто не помисли на домашните мали претпријатија.

Во наредниот период, мора да се прави сè спротивно од ова. Мора да се зголемат јавните издатоци за здравство, образование, социјала и инфраструра. За да се обезбеди тоа, мора да се скратат непродуктивните трошења како “Скопје 2014“, но и да се зголемат буџетските приходи, преку оданочување на богатите и големите компании. Мора да се ревидира и политиката за странските инвестиции. Не смее да се дискриминираат домашните компании (поточно, не смее да се дискриминира ниедна компанија). Не смее ни да се продолжи со политиките на давање на огромни државни средства за компаниите, без државата и општеството во целина да имаат некаква полза од тоа. Но, ова не значи дека државата не треба да им помага на компаниите. Напротив, треба да им помага уште повеќе, но на поинаков начин, односно, така што сите компании ќе можат да побараат државна помош. Но, добивањето на таа помош ќе биде условено со одредени бенефити за државата.

ЦИВИЛ МЕДИА: Има ли реално можности да се остварат најавите од СДСМ за исплата на  просечна плата по работник од 30.000 денари, по реформите коишто ќе ги имплементира новата влада?

ЈОВАНОВИЌ: Ја разбирам идејата на ова ветување. Луѓето кај нас се пред сè заинтересирани за високи плати, а и не поседуваат големи познавања од областа на економијата. Сепак, имам големи забелешки на него. Како прво, сегашната просечна плата од 22.000 денари, може многу лесно да стане 30.000 денари, ако има инфлација од 40%. Тоа ќе значи дека ветувањето е остварено, ама не и дека животот на луѓето е подобрен, зашто куповната моќ на платите ќе остане иста. Второ, ако се зголемат платите на најбогатите 1% од населението, но не и на останатите 99%, просечната плата ќе порасне, но животниот стандард ќе остане ист за 99% од луѓето. Така што, просечна плата од 30.000 денари не е најдобар индикатор за квалитетот на животот.

Но, сметам дека некои од мерките кои СДСМ ги има во програмата, се добри и се во насока на подобрување на квалитетот на животот. Покачувањето на минималната плата (и нејзиното изедначување за сите дејности, без досегашниот исклучок за текстилот и кожата) е добра мерка, зашто ќе го подобри животот токму на оние со пониски примања. Воведувањето на гарантиран минимален приход за секое семејство е исто така добра мерка, зашто ќе им помогне на најсиромашните. Зголемувањето на работничките права е исто така во таа насока, зашто ќе ја зголеми моќта на работниците. Сепак, клучното прашање е дали ќе успеат да ги имплементираат овие мерки. Со вицепремиер од бизнис-заедницата, тоа ќе оди потешко. Но, сепак, не треба да се откажуваме и треба да направиме сè што можеме да дојде до тоа, дури и ние кои не сме во СДСМ.

Моника Талеска

[divide]

Интервјуто е дел од проектот Општество без граници, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

Tags: Бранимир Јовановиќвицепремиер за економски политикиекономијанеолиберализамнова владастопански коморифинансииЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ