Апелациониот суд денеска ќе одлучува по жалбите на обвинетите во случаите на СЈО, како и по жалби на СЈО за изречените мерки на Кривичен суд.
Потврдени се одлуките на Кривичниот суд за одземање на патните исправи на Ивона Талевска, обвинета за даночно затајување и на обвинетите припадници на полициската единица Алфа, во случајот „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година. Исто така, без пасоши ќе останат и Новица Станковски, Јован Боцевски, Ивица Антевски – Пуки и Петар Милошевски. Одлуката на Апелациониот суд во нивните случаи е конечна.
Во Апелација се пристигнати жалби и од СЈО, по низа одлуки на Кривичниот суд, поради одбивањето да се одредат мерки притвор за Груевски, Јанкулоска, Јанакиески и Протоѓер, во случајот „Титаник“.
Се очекува и во текот на целата недела, Кривичниот совет на скопска Апелација да одржува седници, бидејќи се пристигнати жалби на одлуките на Кривичниот суд и од обвинетите и од СЈО.