На 19 април, во ГЕМ клубот, Менада, со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи Панел дискусија, каде ќе се дискутира за состојбата поврзана со сексуалното вознемирување и насилство во образовните институции во Македонија.
Оваа панел дискусија произлегува од потребата јавно да се проговори и ад се истражи дали сексуалното вознемирување е присутно или не во образовните институции и дали жените се поголема „мета“ на сексуално вознемирување од мажите?
На овие прашања свој осврт ќе дадат професори и професорки, како и активисти и активистки кои работат на оваа или на сродни тематики, кои ќе се јават во улога на панел говорници и говорнички.
Учество во дискусијата ќе земат и присутните кои преку прашања, сугестии и споделување свои сведоштва, мислења и ставови.
Активноста е дел од проектот ”Upfront” која се реализира од Linking, Engagement, Advocacy and Development – LEAD стипендиската Марија Николоска, поддржана од Проектот на УСАИД за Граѓанско учество ( Civic Engagement Project-Macedonia).
А.П.