• Latest

Панел на ЦИВИЛ за предизвиците и можностите од членството на Македонија во НАТО

February 5, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Панел на ЦИВИЛ за предизвиците и можностите од членството на Македонија во НАТО

February 5, 2018 11:29
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода организира панел-дискусија „Членството на Република Македонија во НАТО: Задачи, предизвици и можности“ на 8 февруари 2018 година, во хотел Сити Парк, со почеток во 13 часот. На панел дискусијата ќе говорат Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, Амбасадорката на Република Хрватска, Данијела Баришиќ, Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски и политичкиот аналитичар, д-р Сашо Орданоски.

Во јавниот дискурс присутни се низа информации и дебати за тоа што значи членството на Република Македонија во НАТО од политички, безбедносен и општествен аспект. Иако информирањето поврзано со овој процес е редовно и обемно, потребни се постојани надградувања на нивото на информираност и вклученост на јавноста во овој процес.

Дали граѓанките и граѓаните на Република Македонија се доволно запознаени со тоа што значи НАТО, освен воен сојуз, односно, што сѐ подразбира членувањето во оваа Алијанса? Кои се задачите кои треба да се завршат во процесот на зачленувањето во НАТО, а притоа да не бидат повредени законите, Уставот и меѓународните стандарди? Дали спроведувањето на активностите во рамките на процесот гарантираат транспарентност на институциите и почитување на човековите права и слободи? Со какви предизвици се соочува процесот, а какви можности отвора за земјата? Кои се предизвиците со кои ќе се соочи земјата по влегувањето во НАТО Алијансата? Дали ризикот од тероризам ќе се зголеми или ќе се намали? Колку членството на НАТО ќе придонесе кон политичката стабилност и демократијата и дали ќе ги забрза интегративните процеси во општеството и во заедниците кои живеат во Република Македонија?

Тоа се дел од прашањата со кои ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација за човекови права, ќе се занимава и во иднина, а во тој домен одлучи да ја организира и оваа панел дискусија со учество на релевантни говорници на оваа тема.

На панел-дискусијата се поканети медиумите, претставници на граѓанското општество, институциите и сите заинтересирани граѓанки и граѓани. Прашања, ставови и согледувања можете веднаш да почнете да испраќате на овој линк. Дел од пораките ќе бидат веднаш објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ, а сите заедно ќе бидат претставени на самата панел дискусија, по исцрпувањето на дискусиите на присутните.

Настанот е во рамките на проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

 

Tags: Данијела БаришиќНАТОпанел дискусијаРадмила ШекеринскаСашо ОрданоскиСтево ПендаровскиЦивил
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ