• Latest
Фото: МИА

Парада на гордоста во Скопје, ЛГБТ заедницата ги повтори барањата за еднакви можности, недискриминација и социјално вклучување

June 23, 2024
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Парада на гордоста во Скопје, ЛГБТ заедницата ги повтори барањата за еднакви можности, недискриминација и социјално вклучување

June 23, 2024 06:32
in ВЕСТИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Под мотото „Спектакуларно непослушни!“ вчера во Скопје се одржа 5. Парада на гордоста. Учесниците најпрво се собраа во паркот „Жена-борец“, а потоа, по поздравните говори, го почнаа протестниот марш низ градските улици кој заврши на стадионот на АРМ во Градскиот парк.

И овојпат беше испратена пораката дека протестот е всушност барање, до институциите – да ги штитат човековите права и слободи на сите граѓани и да гарантираат безбеден живот, еднакви можности, недискриминација и социјално вклучување за секого, без разлика на сексуалната ориентација или родовиот идентитет, до Владата – да обезбеди образовен систем, курикулуми и програми кои ќе ги градат светогледите на идните генерации засновани на демократски вредности, солидарност, емпатија и грижа, но и до Собранието – да го усвои законот за матична евиденција со вклучен модел за правно признавање на родот заснован на самоопределување.

Учесниците побараа и здравствениот систем да се прилагоди кон потребите на различните групи граѓани и со тоа, како што нагласија, да биде вклучувачки и недискриминаторски.

-Зошто Парадата на гордоста е протест? За да можеме да бидеме свои, автентични и истовремено безбедни и дома и надвор, за подеднакво да учествуваме во општествениот и политичкиот живот без дискриминација и исклучување, за да се школуваме во образовен систем кој учи на прифаќање на разликите и промовира социјална кохезија наместо исклучување, за да имаме лични документи кои ќе го изразуваат нашиот род, за да можеме подеднакво да имаме пристап до здравствени услуги и да уживаме квалитетен живот и здравје, изјави за МИА Лила Милиќ, активистка за правата на трансродовите лица и коосновач на „Трансформа“.

Пред почетокот на Парадата се обрати мајка на трансродова тинејџерка. Таа им порача на сите родители чии деца не се цис хетеро, да ги прифатат какви што се и да бидат горди на нив, наспроти општествените правила кои често налагаат да се срамат и да ги отфрлаат.

-Родители, додека општествените правила ви налагаат да се срамите и да ги отфрлате вашите деца, бидете спектакуларно непослушни, прифатете ги какви што се и бидете горди на нив. Кога ќерка ми се охрабри да каже дека е трансродова, го срушивме најдебелиот ѕид меѓу нас што ме попречуваше да ја запознаам целосно и вистински. Претходно предолго гледав како моето весело дете се претвора во исплашена и повлечена тинејџерка. Нејзиното „излегување од шкафот“ го дочекав со радост и големо олеснување што, пак, помогна веднаш да исчезнат сите нејзини грижи и стравови и да ми се врати детето кое го знаев отсекогаш. Родители, додека општествените правила ви налагаат да се срамите и да ги отфрлате вашите деца, бидете спектакуларно непослушни и прифатете ги какви што се и бидете горди на нив, потенцира мајката.

Рече и дека е многу среќна што во време кога хомофобијата и трансфобијата дивеат, ЛГБТ заедницата покажува дека нема да се повлече во четири ѕида.

-По петти пат храбро покажуваме дека припаѓаме во овој свет, по петти пат ги славиме нашите животи кои и тоа како се вредни да ги живееме. Многу тинејџери живеат во страв од своите родители и се соочуваат со отфрлање, слушаат од своите соученици и професори дека не се вредни да постојат и дека не треба да ги има. Драги деца, не е во ред да живеете во страв и изолација додека вашите цис хетеро врсници го живеат тинејџерството до максимум. Не е фер од вас да се бара неизмерна сила и храброст само за да живеете и преживеете во вашите семејства. Знајте дека без разлика што зборуваат возрасните околу вас, вашите идентитети се вистински и валидни. Кога родителите одбиваат да ве прифатат, сакам да знаете дека тоа не е ваша вина, вашето постоење е бесценето и ја заслужувате целата љубов и поддршка на светот. Во најтешките моменти, кога се чувствувате најосамено и кога боли до врескање, сакам да знаете дека не сте сами, дека постои една цела заедница која е тука да ве поддржи, истакна мајката на трансродовата тинејџерка.

Поддршка на годинашниот „Скопје Прајд“ дадоа ЕУ, САД, Германија, Шпанија и Холандија, чии делегации беа присутни на настанот. Меѓу учесниците можеше да се забележи и евроамбасадорот Дејвид Гир.

Со ЛГБТ заедницата беа и поранешните министерки, за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, кои изразија поддршка на борбата против дискриминацијата и говорот на омраза.

Во рамки на Парадата, како што најави Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, синоќа имаше богата културно-забавна програма со музички настапи во живо, настапи на спектакуларните дрег кралици од земјата и од регионот, како и DJ сетови.

Поради одржувањето на „Скопје Прајд“, од 15.00 часот беше воведен специјален сообраќаен режим во централното градско подрачје, а имаше и голем број припадници на полицијата.

Извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ