• Latest

Париски разговори во Вруток или Гиновци, зошто да не?

November 13, 2017
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Париски разговори во Вруток или Гиновци, зошто да не?

November 13, 2017 12:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Проект Жан Моне. Убаво звучи. Добри намери и сиот тој џез… Но, да не заборавиме на тоа дека и патот кон пеколот е поплочен со добри намери. Затоа, Иво Вајгл би требало да одговори на неколку дополнителни прашања.

Пишува: Џабир Дерала

Да се потсетиме, две од двете најголеми кризи низ кои помина Македонија, беа разрешени на тлото на земјата. Конфликтот во 2001 година беше прекинат во Охрид. Таму се преговараше, а таму и се потпиша Охридскиот рамковен договор. Тешката политичка криза која кулминираше со масовни протести и барање за оставки во владата, се разреши со Пржинскиот договор 1, 2 и до пола 3. Крајно неправедно беше што беа зад затворени врати. Поглавиците на политичките и етничките племиња пушеа луле на мирот далеку од очите на јавноста и решаваа проблеми на целата земја, а самите беа мотори на проблемите. Да не отвораме рани сега и да проценуваме колку тие договори се успешни, колку добро се спроведуваа(т) и што ќе се случеше тие да не беа потпишани. Поентата е дека беа потпишани на тлото на оваа земја, па нека беа и зад затворени врати. Овој проект ми изгледа како да е спонзориран од чекмеџето на Груевски и компанија, обвинети во предметите на СЈО, сите со почетна буква „Т“. Затоа што, каква му е идејата на Вајгл? За потребите на Париските разговори да побара враќање на пасошот на Груевски?! Па тој ќе побара враќање на пасошите и на членовите на неговата банда, нели, неопходни за неговото учество во тие разговори?! Дали ова е една акробатска точка која ќе води кон амнестија на криминалот во земјава?

Ова со парискиов проект не изгледа никако освен како на обид да му се даде на Груевски уште еден пакет можности да се задржи на тронот на партијата кој десетици илјади членови му го нишаат овие денови. Проектот Жан Моне му овозможи на Груевски да ја одложи својата оставка, а дополнително ќе му даде можности да се извлече од политичката гилотина која Реформаторите ја полираат веќе неколку месеци.

Кому ќе му отвори врата Париз, а за кого херметички ќе ја затвори? Сигурно ќе ја отвори вратата за безброј шпекулации и полувистини. А демократската јавност ќе биде лишена од можноста да биде демократска и да знае тоа што, според сите стандарди и закони, мора да го знае и да учествува во тие процеси. Повторно ќе бидеме лишени од правото да знаеме што сѐ има во пакетот кој само „избраните“ ќе го отворат.

Значи, три прашања стојат отворени: Зошто Париз? Дали намерата е да му се врати пасошот на Груевски, како прво скалило кон амнестија на криминалците? Зошто јавноста во Македонија повторно е лишена од правото да знае сѐ за оваа нова иницијатива?

Еве, за почеток, да побараме Париз да се пресели во Македонија. Париски разговори во Вруток или Гиновци, зошто да не?

 


објавено во Плусинфо и Слободен печат (14/11/2017)

Tags: „Жан Моне“ВрутокГиновциИво ВајгллидериНикола ГруевскиОхридски договорПаризполитички партииПржински договор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ