• Latest

Партии: Повици за ладнокрвност на граѓаните и апели за вразумување на Иванов!

March 2, 2017

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Партии: Повици за ладнокрвност на граѓаните и апели за вразумување на Иванов!

March 2, 2017 13:54
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По вчерашното обраќање на претседателот Ѓорѓе Иванов, и неговата крајно контроверзна одлука да не го додели мандатот за формирање влада на Зоран Заев, дел од партиите остро реагираа.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети реагираше на својот Фејсбук профил: „’Заедничката декларација’ на албанските партии во ниту една форма не го загрозува унитарниот карактер, ниту пак, станува збор за федерализација или поделба“.

Ахмети ги повика граѓаните да ја сочуваат ладнокрвноста и да не наседнат на однапред подготвени сценарија. „Ова е политички проблем за кој политичките партии и институциите треба да најдат најдобро решение за граѓаните“, напиша Ахмети.

Синоќа и потпаролот на ДУИ, Бујар Османи најави дека во текот на денешниот ден, раководството на ДУИ ќе заседава за да разговара за новонастанатата ситуација.

„ДУИ го осудува обидот заедничката Декларација на албанските партии во Македонија, да се оквалификува како платформа на туѓа држава. Албанската платформа не е создадена во Тирана, како што рече Иванов. Таа платформа ја направивме ние, албанските партии во Македонија. Префрлањето на кризата на интеретничка основа може да доведе до катастрофална ситуација во државата“, рече Османи.

Движењето Беса побара од меѓународната заедница, ЕУ и САД, да интервенираат за враќање на правната држава, како и враќање на Македонија на евроатлантскиот пат.

И Беса и ДУИ повикаа на смиреност, умереност и особена внимателност во овие моменти.

Партијата за демократски просперитет (ПДП) вчерашното обраќање на, како што велат, лицето Ѓорге Иванов до нацијата, со речник на меѓунационална омраза и шовинизам, по повод одбивањето на доделување мандат за составување на влада на Зоран Заев, го оценува како ново продлабочување на долгата и тешка политичка и економска криза на државата. ПДП ќе им предложи на сите албански партии во Република Македонија да потпишат заеднички меморандум со кој „ќе го прогласат лицето Ѓорге Иванов за непосакувана личност за Албанците и ќе побараат веднаш да поднесе оставка“.

„Со чинот на недавање мандат за составување на влада, преку неговото наивно образложение и негирање на Платформата на албанските политички партии, лицето Иванов уште еднаш докажа дека Уставот за него не претставува ништо, туку прогласите на неговата политичка партија се закон и Устав. ПДП уште еднаш го потсетува лицето Иванов дека не е тој, туку Уставниот суд согласно член 31 од Законот за политички партии, кој е надлежен да покрене судски спор во случај кога политичката платформа на некоја политичка партија не е во склад со уставните норми. ПДП го повикува лицето Иванов да се вразуми и да ги почитува пријателските препораки на Стејт Департментот, препораките на Комисијата на ЕУ, на комесарот Хан, и да го врачи мандатот на Зоран Заев со цел што побрзо е можно да се состави реформска влада која ќе ги започне реформските прохграми за излез од државата од најтешката политичка и економска криза во периодот од самостојувањето“, се наведува во реакцијата на ПДП.

Повикувајќи се на Уставот, и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), ја осуди постапката на Иванов. „Во член 90 од Уставот на Македонија, јасно и децидно стои дека кој има мнозинство во парламентот треба да го добие мандатот. Во овој случај, мнозинство има СДСМ и тука нема дилема и тука завршуваат сите негови ингеренции. Ваквото негово образложение е спротивно на Уставот на Македонија, според нашата партија, претседателот направи државен удар и веднаш треба да се притвори! Во една правна држава ова веднаш би се применило. Не може претседател да презема и да донесува одлуки надвор од своите ингеренции. Веднаш по притворањето, треба да се установи кои се причините за донесување на одлуките надвор од Уставот на Македонија“, велат од ПЦЕР.

Вчеравечер, по изјавата на Иванов, на јавноста, со реакција ѝ се обрати лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Ѓорге Иванов мора веднаш да ја повлече одлуката и да го додели мандатот за состав на новата Влада. Не смее да ги негира Уставот, мнозинската волја на граѓаните и поднесените 67 потписи. Иванов денеска направи државен удар! Нема да дозволиме никој да си игра со државните интереси! Ги повикуваме граѓаните да останат мирни, на линија на демократските процеси што водат кон формирање нова реформска Влада во Република Македонија“, изјави Заев.

М. Ивановска

Tags: IvanovвладаДУИмандатПДППЦЕРСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ