• Latest

Партиите го договараат изборниот модел

June 6, 2018

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Партиите го договараат изборниот модел

June 6, 2018 09:58
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Најголемите парламентарни политички партии работат на усогласување на ставовите за измените на изборните закони со кои е опфатен и изборниот модел.

Од владејачката СДСМ се изјаснија дека се за една изборна единица со отворени листи и очекуваат  сите ревелантни политички партии да се согласат со нивниот предлог.

– За цензусот како што сум информиран уште не е разговарано, првин е потребно да се постигне согласност дали сите имаат волја да преминат кон трансформација на изборниот модел, укажа координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев и дополни дека има несогласувања кај одредени политички партии околу потребата од измени на изборниот модел.

Новини од исходот на разговорите на партиските комисии не кажа ниту координаторот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев, но потенцираше дека очекува квалитетен изборен законик.

Реџаил Исмаили, координатор на пратеничката група на ДУИ, пак, вели  дека нивен предлог е изборен модел со три изборни единици.

– ДУИ беше за тоа да имаме три изборни единици за да имаме застапеност во Собранието од сите региони. Ако не помине тоа остануваме на старото решение со шест, бидејќи сметаме дека изборниот модел со една изборна единица не одговара на сите граѓани, односно на сите региони во државата, рече Исмаили, дополнувајќи  дека со една изборна единица многу региони би им останале непокриени со пратеници.

Пратеникот на БЕСА Фадил Зендели, рече дека тие сметаат оти шест изборни единици се многу за Македонија како мала држава по територија и оти се залагаат за помал број изборни единици и отворени листи.

– Според досегашното функцинирање на овој систем, сметаме дека треба да има помалку изборни единици. Дали ќе има една,  две, три, тоа е прашање кое може да го договорат политичките партии, експертите и сите заинтерсирани кои може да придонесат за ова прашање. Како политички субјект сме за пропорционален систем со отворени листи. На овој начин можеме повеќе да придонесеме кон демократизација на општеството и за поквалитетни кадри во Собранието на наредните избори, рече Зендели.

Во меѓувреме, на повикот за избор на нови членови на Државната изборна комисија (ДИК) кој Собранието го распиша во понеделникот, партиите очекуваат да се пријават квалитени кандидати, изборот да биде навреме, а со консензусот што го постигнаа за преодно решение на ДИК да се овозможи функционалност на ова тело, кое покрај за избори е надлежно и за организирање реферндум и верификација на мандати.

Со објавениот повик, ДИК треба да добие нов состав со мандат од шест месеци до моментот додека се регулираат измените и дополнувањата на пакетот закони од изборното законодавство. Според сегашното законско решение, четворица членови ќе бидат од власта, тројца од опозицијата, од каде ќе биде и претседателот на ДИК. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека во моментнот не се знае кој ќе биде прв човек на Државната изборната комисија.

На конференција посветена на слободни избори вчера беше констатирана потреба од професионализација на ДИК и нов изборен систем за фер и демократски избори.

Во фокусот на партиските работни комисии кои преговараат за пакетот изборни закони, освен составот и начинот на бирање на ДИК и дефинирање на изборниот модел, се и финансирањето на политичките партии, како и управните постапки кои се јавуваат како резултат на жалбите од изборниот процес. (МИА)

Tags: ДИКДоговоризбирен моделпартии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ