• Latest

Партија на пензионери: ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидува да манипулира со пензионерите

August 7, 2023

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Партија на пензионери: ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидува да манипулира со пензионерите

August 7, 2023 11:22
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Партијата на пензионери, со внимание, ги проследи протестите на групи пензионери, особено во врска со искажаните заложби за враќање на начинот на усогласување на пензиите како во време на владеење на ВМРО–ДПМНЕ, поради што искажуваме загриженост дека оваа политичка партија повторно со манипулации се обидува да придобие наклоност од неинформираните пензионери, во функција на нивната политичка агенда која не нуди никакви реални и поволни придобивки за пензионерите, се наведува во соопштението на Партија на пензионери.

Оттаму истакнуваат дека Партија на пензионери секогаш и со разбирање ги проследува иницијативите, кои доаѓаат од пензионерите, доколку се остварливи и се однесуваат на подобрување на материјалниот статус и економска сигурност на пензионерите.

„Според нашите анализи, компарирани со решенија што се применуваат во пензиски системи слични на нашиот, сегашниот модел на усогласување на пензиите кој ги следи трошоците на живот и пораст на платите е најреален и најповолен за сите корисници за пензија, со забелешка дека треба да се изнајде поповолно решение за корисниците на минимални пензии.

Во функција на таа цел, фокусна група за ПП се корисниците на најниските пензии, поради што, во рамки на коалицијата поведовме иницијатива и отпочнавме разговори со Владата за донесување ново законско решение за утврдување на достоинствен износ на минимална пензија, која во дадените околности би обезбедила посигурен живот на корисниците, без притоа да ја загрози стабилноста на пензискиот систем и редовната исплата на пензиите.

Партија на пензионери, исто така, изготви и предлог на мерки за солидарна финансиска подршка на пензионерите со примања до просечна пензија, како решение кое би се применувало во сите случаи кога ќе биде загрозена егзистенцијаната стабилност на овие корисници на пензии.

Партија на пензионери, која посветено работи на изнаоѓање на решенија за овие прашања, апелира пензионерите да не наседнуваат на паушални и нереални иницијативи, зад кои всушност се затскриваат политички партии кои само сакаат да ги искористат маките на пензионерите за свои политички цели што немаат никаква поврзаност со пензионерите и нивните проблеми“, се потенцира во соопштението на Партија на пензионери.

Tags: vmro dpmneПартија на пензионери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ