• Latest

Пат-позиција до локалните избори, или нова влада и шанса за излез од ќорсокакот?

February 28, 2017
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
Војо Маневски

На премиерот (ќе) нема кој да му пишува

October 27, 2025

Инспектор од Струмица пукнал во полициска станица откако добил отказ!

October 27, 2025

Пет дена до изборниот финиш! Мицкоски со критики до Рамадани, Филипче најави „чистка“ во СДСМ

October 27, 2025
Скриншот од видео на WION

Украински дронови ја нападнаа Москва во текот на ноќта, пријавени експлозии во повеќе делови од градот и околниот регион

October 27, 2025
Фото: Х

Литванија ја затвора границата со Белорусија на неодредено време откако балони го нарушија воздушниот простор трета ноќ по ред

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Пат-позиција до локалните избори, или нова влада и шанса за излез од ќорсокакот?

February 28, 2017 14:02
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Kaко за почеток на ова важно претсказание, да ве потсети Младичот, прелични мои, дека пред повеќе од месец дена ја предвиде и „понудата” на Груевски до Заев, да се здружат против барањата на албанските партии. И повторно, Младичот би сакал да нагласи дека се работи за класичен пропагандистички трик, кој заедно со „востанието” на тврдокорните мекотели, треба да ја задржи играта во оваа пат-позиција и на овие теми. А пат-позицијата, да потсетиме, значи одржување на власт на МВРО – преку нивниот премиер, министри и сите лостови на власта, која се користи и злоупотребува, а богами и функционира, далеку надвор од својата „техничка” рамка.

Пишува: Петрит Сарачини

Младичот во својата кристална топка гледа дека оваа игра, со сите форми на можни опструкции, од Хорхе па натаму, може да потрае до локалните избори. За тоа, секако, треба да се создадат „услови“. А, како што гледаме, МВРО и ги „создава“, што директно, што преку „автентични“ граѓански инцијативи.

Дај Боже да греши Младичот. Но, доколку не греши, тие избори би ги организирала „техничката”, односно сегашната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Тоа е и целта. Сé друго ќе биде исто: ќе доминира оваа атмосфера и национализмот, а во втор план ќе биде криминалното децениско владеење и пропаѓањето на општеството по сите основи. За темите со локално значење и да не зборуваме.

Во такво песимистичко сценарио за Македонија и за нејзините граѓани, началниците повторно ќе добијат можност, преку нивниот изборен инженеринг потпрен на клиентелистички притисок врз администрацијата и на социјалните трансфери (пензии, субвенции, додатоци, социјална помош, стипендии итн..), а секако и стандардната медиумска поддршка, која сè уште доминира во нашиот медиумски простор, да добијат поповолни изборни резултати и да ја оддолжат кризата.

Оваа понуда воопшто не е непримамлива за дел од албанските партии, особено за ДУИ, која во ова гледа шанса за враќање на дел од гласовите, особено откако го „понижи” Груевски кој им прифати сè на ДУИ, но не ја доби поддршката за формирање влада. Истото, доколку се спроведе оваа игра на оддолжување, може да му се случи и на Заев.

Потоа, сето тоа ќе се „одработи” убаво, да изгледа како голема „албанска победа”, преку повеќе албански медиуми, не само во Македонија. Еве, по „понудата“ на Груевски до Заев да се обединат против албанската платформа, некои медиуми на Косово веќе објавија содржини дека Заев и Груевски се „договорени“. Така оди тоа денес во „новинарството” на Балканот.

Кога ви зборува Груевски за дефакторизација на Македонците, преку она што е предмет на преговорите за составување на нова влада, всушност, мисли на сопствената дефакторизација. Прашајте го Фројд, ако не му верувате на Младичот. Како и со многуте тези за неговите непријатели (односно „непријателите на народот“) кои ни ги изложува, а кои во суштина претставуваат рефлексија на грдиот лик од огледалото. Со оваа игра, тој сака повторно да се факторизира, да остане во игра и да продолжи да ја опструира правната разрешница за неговото криминално владеење. Тоа сценарио воопшто не исклучува и насилство, и тоа веќе отворено го кажува и Пастирот на телевизии, а и неговите мегафони.

Оптимистичката варијанта би била да добиеме набргу влада со поддршка на пратениците на СДСМ и на албанските партии, која ќе не внесе во мирни води и ќе даде реален резултат на локалните избори. Досега, барем таков впечаток се добива во јавноста, работите се движат во оваа насока, иако прилично бавно, со темпо „два чекори напред – еден назад“.  Со оглед на тоа какви циркуси се изнагледавме, секакви лупинзи се веројатни, и покрај многуте оптимистички сигнали. Песимизмот, со ваква политичка пракса во земјава, е природна состојба. Затоа, сите сме во исчекување и не веруваме на ништо додека не е навистина готово. Самото тоа што Груевски влезе без потписи кај Иванов и за 20 минути излезе со мандат, а дека Заев достави 67 потписи и уште чека мандат, кажува доволно.

Сепак, фактот дека пред некој ден се јави лично генералниот секретар на НАТО Столтенберг да го порача истото што и ЕУ – дека има потписи за нова влада, а и дека се огласи најмоќната светска воена алијанса, што на нашиот проблем веќе му дава и безбедносна димензија, дава надеж дека голема беља, и покрај обидите на досегашната власт, нема да има.

Но, Младичот чувствува дека е потребен и дополнителен притисок и охрабрување во вистинската насока, превод на дипломатските пораки, дополнителни објаснувања за да се одбегнат непотребни безбедносни компликации, кои се можни и можат да бидат предизвикани од овие луѓе кои одамна не фунционираат и размислуваат рационално, туку криминално. Тој процес секако ќе се случува меѓу нашите политичари и нашите меѓународни пријатели.

Она што граѓанките и граѓаните треба да го направат е да не потпаѓаат на сеењето страв, омраза и на провокациите на власта во заминување. Треба да бидат трпеливи и обединети во нивните барања за враќање на нормалноста во Македонија. Чекавме повеќе од 10 години, можеме да почекаме уште малку.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: IvanovГруевскидефакторизацијаЗаевМедиумиНАТОпесимизампропагандистички триковиСтолтенберг
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ